Connect with us

Економија

Над шеесетина трговци ја намалиле зголемената цена на лимоните

Avatar

Published

на

Во периодот од 23-27 март годинава шест Инспекторати спровле вкупно 7.633 надзори во различни сектори низ цела држава со цел да се гарантира почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од КОВИД-19.


Претседателката на Инспекцискиот совет,  Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори.


„Во периодот од овие четири дена инспекторите од Државниот пазарен инспекторат засилено работеа на терен и извршија вкупно 5.155 надзори. При тоа се затворени вкупно 22 угостителски објект во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово. Државниот пазарен инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 23-27 март овој инспекторат во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи направија вкупно 928 надзори на цените. Во периодот од овие 4 дена кај над шеесетина трговци е утврдено покачување претежно на цената на лимоните и истите по укажувањето ги вратија старите цени од 11 март. Истовремено по излегување на терен од страна на инспекторите е констатирано и дека има голем број неосновани пријави за зголемени цени на лимони кај одредени трговци. Со оглед на тоа дека располагаме со ограничен број на инспектори замолуваме пријавувањето да се прави само кога навистина има реални непочитувања на владините мерки“, рече Филиповска-Грашкоска.


Претседателката на Инспекцискиот Совет истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 23-27 март реализирал вкупно 748 контроли при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од овие 4 дена извршил вкупно 246 надзори

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе