Македонија
Арсовски: 400.000 евра годишно за 29 лични и 7 надворешни советници на Заев

Published
6 days agoon
By
Media Press
Зоран Заев и СДСМ дрско им се смеат на граѓаните во лице. Празнициве Заеви додека јадеа во златни лажици и виљушки по дома, Зоран Заев успеал да го зголеми бројот на лични советници во Влада и да назначи плус нови од тие што веќе ги имаше, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес-конференција.
Тој додава дека советниците на Зоран Заев, се само непотребен трошок на грбот на граѓаните. Овие 29 советници граѓаните годишно ги чинат 320.000 евра, а вкупно со надворешните соработници кои што исто така се платени од Владата граѓаните ги чинат 400.000 евра годишно само за советниците на Зоран Заев.
Само пред неколку месеци беше објавена листата на советници и сите заедно чинеа 240.000 евра, за што и јавно излеговме од оваа говорница и говоревме и тогаш, а сега сумата се зголемила прилично многу.
„Лица кои не се прославија на министерски и директорски функции изминативе 4 години, Зоран Заев ги назначува за свои советници од едноставна причина да купи мир со парите на граѓаните.“ изјави Арсовски.
Поврзани содржини
Новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата од премиерот Заев
Заев: „Празнувај одговорно“ – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи
Заев: Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и економски развој
Заев: Немаме алтернатива за и до надминување на прашањето со Бугарија, продолжуваме со европеизацијата дома
(Видео) Заев во посета на родната куќа на Конески на денот на неговото раѓање: Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет
Заев: Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство
Македонија
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Published
9 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.
Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.
Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.
Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.
Македонија
Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Published
10 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.
Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Македонија
Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Published
10 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.
Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 95 | 62,00 (денари/литар) |
Моторен бензин | ЕУРОСУПЕР БС – 98 | 63,50 (денари/литар) |
Дизел гориво | ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) | 53,50 (денари/литар |
Масло за горење | Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) | 53,00 (денари/литар) |
Мазут | М-1 НС | 29,651 (денари/килограм) |

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш
