Connect with us

Гевгелија

Градоначалникот Поцков го посети првото новороденче во Општина Гевгелија годинава

Media Press

Published

on

Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков денеска го посети првото новороденче кое се роди во оваа 2021 година. На 8 јануари во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, се роди првото машко дете, кое е првиот жител на општина Гевгелија во 2021 година. Среќните родители Ивана и Томчо Чабулеви од Гевгелија на почетокот од новата година и се радуваат на оваа трета рожба. Новороденчето при раѓањето било тешко 3650 грама и долго 52 сантиметри, а заедно со мајката се чувствуваат добро.

Градоначалникот Сашо Поцков, по традиција, денеска го посети новороденчето и неговата мајка во Општата болница во Гевгелија. Притоа, на среќните родители им упати честитки, како и желби за добро здравје на новороденчето и неговото семејство.

„Се гордееме со нашиот нов жител на општината и се надеваме дека годината ќе ни биде здрава, плодна и успешна. Наша првенствена задача е здравјето на граѓаните и се надеваме дека во 2021 година ќе се справиме со пандемијата од Ковид 19. Но, истовремено треба да размислуваме и за иднината на нашите нови генерации“, истакна Поцков.
Градоначаллникот Поцков на новороденчето му подари 10.000 денари од Општина Гевгелија и пригодни подароци.

„Инаку, годинава ова е трето новороденче во Општата болница во Гевгелија, првите две беа од Дојран и Богданци, што несомнено зборува дека во регионот годината почна радосно. Исто така, посебно значајно е што сите породувања се извршени во Општата болница во Гевгелија, која располага со доволно гинеколози и искуства. Притоа, се применуваат сите неопходни заштитни мерки и протоколи за панедмијата од Ковид 19“, додава Поцков.

Гевгелија

Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже

Media Press

Published

on

Општина Гевгелија, деновиве, ќе ги распише јавните повици за изградба на нови улици, реконструкција на постојните улици, бетонирање и тековно одржување на локалната патна мрежа.

 Ова беше договорено на првиот годинешен состанок на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков со раководителите и претставниците на Секторот за урбанизам и другите општински служби околу претстојните активности. Станува збор за четири тендери со кои всушност се најавува и новата сезона за обнова и проширување на уличната и локалната патна мрежа во општина Гевгелија.

            „Во рамките на јавниот повик за изградба на нови улици, покрај другото, договорено е со новиот тендер да биде опфатено тампонирањето и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места. Покрај ова, договорено е веднаш да се интервинира, со прокопување на одводен канал, меѓу бензинската пумпа „Шимов“ и каналот „Рауљ“ за решавање на проблемот со водата што се собира на овој дел од крстосницата на влезот во Гевгелија, по секој пообилен дожд“ информираат од општината.

            Во понатомошната фаза беше договорено на состанокот да се подготват тендери за реализација на проектот Градски урбан сквер, со кој се предвидува хортикултурно и партерно уредување на просторот кај стариот Градски пазар.

Исто така, како што информираат од општината  наскоро треба да започнат работите за изградба и пробивање на неколку улици во градот.  

Continue Reading

Гевгелија

Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19

Media Press

Published

on

Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија на вчерашната седница констатира дека епидемиолошката состојба во Општина Гевгелија е поволна. Бројот на новозаболените од КOВИД-19 е во драстично опаѓање, додека значително е зголемен бројот на оздравени пациенти. Според информациите од Општата болница и Центарот за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, преполовен е и бројот на пациентите на дневен и хоспитализиран третман.

Доколку до неодамна во Дневниот КОВИД-центар имало и по 50-60 пациенти на дневен третман, а на хоспитализиран третман 18 пациенти, во текот на денешниот ден во Дневниот Ковид-центар на дневен третман имало само 10 пациенти. Додека на хоспитализираниот дел на Интерното одделение во Општата болница кое располага со 22 легла, има само 9 пациенти од Ковид 19, е констатирано на седницата.

Општинскиот штаб очекува ваквата тенденција да продолжи, се разбира, со почитување на заштитните мерки од страна на граѓаните и сите правни субјекти. Особено, во пресрет на претстојните верски и традиционални празници.

Врз основа на информациите на ОВР- Гевгелија и Државниот пазарен инспекторат- ПЕ Гевгелија, Општинскиот штаб констатира дека за време на новогодишните и божиќните празници не се забележани, а и немало пријави за групни прослави и собирања.

Според информациите од Гевгелиското Архиериско намесништво, манифестацијата по повод Водици, со фрлање на крст во реката Вардар, согласно насоките од МПЦ, годинава се одлага поради пандемијата, како и водосветот по домаќинствата.

Празникот ќе биде одбележан со редовните црковни богослужби на Водици, согласно протоколите и заштитните мерки.

И покрај тоа, Општинскиот штаб им препорачува на граѓаните, правните субјекти и верски заедници доследно да ги применуваат мерките со кои се забранува организирање и одржување на прослави на јавни места и површини по повод верските и традиционалните празници.

Истовремено, останува да важи забраната за палењето на малски огнови по повод Василица.

Пред почетокот на второто полугодие од учебната година, во сите основни училишта, каде што се врши настава со физичко присуство на учениците, но и во училиштата, каде што наставата се одвива онлајн и со присуство на наставниците, е побарано да се изврши дезинфекција на просториите, информираат од Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија.

Continue Reading

Гевгелија

Реновирана полициската станица во Гевгелија со што се подобрени условите за работа на полициските службеници

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при неговата денешна посета на ОВР Гевгелија каде што се сретна со раководството на оваа полициска организациона единица, а по повод завршената санација и реконструкција на објектот, нагласи дека не може да се претендира на позитивни резултати во работата, на ефикасност и успешност доколку полицијата, полициските службеници своето секојдневно работење го минуваат во субстандардни услови.

 “Оттаму, сосема е разбирливо што денес во ОВР Гевгелија имаме можност, покрај другото, да направиме увид и во условите за работа на полициските службеници, особено сега кога, како што гледаме, веќе е завршена претходно најавената санација и реконструкција на објектот на Одделението за внатрешни работи Гевгелија, проект вреден околу 12.000.000 денари, пари обезбедени од наши средства, од буџетот на Министерството, а во рамки на концептот што го промовиравме и во континуитет го реализираме уште од 2017 година – за подобрување на материјалните, инфраструктурни и технички потенцијали на полициските организациони единици, на полициските службеници“, потенцираше Спасовски.

 И во наредниот период додаде Сапсовски дека ќе се изврши комплетна реконструкција на СВР Куманово  и обнова на постоечките објекти каде што е сместено СВР Куманово, комплетна реконструкција и санација на објектот на ПС Ресен и ПО Ростуше.

Continue Reading