Радовиш
Мултифункционални печатари од Општина Радовиш за службите кои минатата 2020 година ја одбележаа со надчовечки напори во борбата со Ковид-19

Published
2 weeks agoon
By
Media Press
По повод новогодишните и божиќните празници, Општина Радовиш, подари мултифункционални печатари, на службите кои минатата 2020 година ја одбележаа со надчовечки напори и огромна јавна одговорност – Државниот санитарен и здравствен инспекторат – П.Е. Радовиш и Центарот за јавно здравје Штип – П.Е. Радовиш, во знак на благодарност и успешна соработка со ЕЛС општина Радовиш.

„Мултифункционални печатари во име на Градоначалникот Герасим Конзулов, до соодветните служби беа доставени од страна на Секретарот на општина Радовиш Драги Стојанов. Огромна благодарност беше изразена и од нивна страна, со желби во новата 2021 година што поскоро да се надмине, за жал сеуште актуелната пандемија и сите работи да продолжат со нормално функционирање“ информираат од општината.
По повод новогодишните и божиќните празници, и оваа година под покровителство на Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, во склоп на новогодишните активности а согласно протоколите и препораките заради актуелната пандемија, беа донирани и новогодишни пакетчиња за најмалите. Новогодишни пакетчиња беа доделени на дечињата од здружението на лица со телесен инвалидитет од Радовиш и Конче „Мобилност“, на дечињата од дневниот центар „Порака“ и на дечињата во Домот за деца „Емануел“.

Исто така пакетчиња беа доделени и на Црквите „Св.Пророк Илија“, „Св.Троица“ и „Св.Константин и Елена“, каде за жал оваа година заради самата ситуација не беше одржана традиционалната Бадникова литија а пакетчињата беа доделени на дечињата кои беа дел од Бадниковото и Божиќното празнување во самите храмови.
Поврзани содржини
Апел од Општина Радовиш за одговорно однесување и заштита од пожари
Асфалтиран новиот паркинг простор спроти објектот на ЈП Плаваја
Општина Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш започна со делење хуманитарна помош
Општина Радовиш донесе одлука за затворање на Градскиот Пазар
Известување за јавноста од Општина Радовиш
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
14 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
