Connect with us

Радовиш

Градоначалникот Герасим Конзулов со честитка до граѓаните по повод Божиќните празници

Media Press

Published

on

„ Почитувани граѓани,

Божикните празнувања се време на милосрдие, на интимни и радосни моменти во кругот на фамилијата, на солидарност и разбирање меѓу луѓето. Во духот на христијанството Ве повикувам овие светли денови да ги славиме одговорно во кругот на домот и фамилијата. Бадник ни носи нова надеж во пресрет на Христовото раѓање. Овој празник на светлината не поттикнува на мир и спокојство и безусловна љубов кон ближните свои. Дозволете ми од името на Општина Радовиш и мое лично име да ви го честитам големиот христијански празник- Раѓањето Христово – Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови. Христос се роди!“ стои во честитката од Градоначалникот Конзулов.

Радовиш

ПОКАЖИ ГО СВОЈОТ ТАЛЕНТ – нов дигитален формат на стипендиската програма на Солвеј @CREATIVE.FELLOWSHIP

Media Press

Published

on

Рудниците Бучим и Боров Дол, објавија отворен повик за пријавување на учесници во новата дигитална стипендиска програма, која што се спроведува во соработка со светски познатиот Салцбуршки фестивал, поддржана од матичната компанија на рудниците – Солвеј Инвестмент Груп.

Ажурираниот формат на образовната програма @ creative.fellowship е продолжение на претходната иницијатива за млади таленти која се спроведува  од 2017 година. Оваа година иницијативата го проширува географскиот опсег и покрај талентираните кандидати од Радовиш и Конче, можност за аплицирање имаат и младите талентирани деца од Штип.

Во 2021 година, како одговор на предизвиците од пандемијата Ковид-19, организаторите ги прифатија неодамнешните трендови и целосно ја редизајнира претходната програма за млади таленти, усвојувајќи го неформалното и стручно образование преку призмата на уметноста и новите технологии и креираше нова интерактивна програма прилагодена на дигиталното време, која што ќе се одвива преку платформите Zoom, WhatsApp, Miro и Notion и популарните социјални мрежи Instagram и TikTok.

Поради пандемијата со Ковид-19 и глобалните ограничувања за патување, посетата на оперскиот камп во Салцбург не е сигурна и затоа организаторите ја поставија целта, виртуелно да го донесат оперскиот камп до талентите.  Генерацијата на учесници во 2021, ќе имаат можност да бидат дел од новиот дигитален формат на образовната програма, во која што покрај изучувањето на англискиот јазик, воведена e и уметничка академија со интерактивни часови по историја на уметноста и тринеделени мастер клас часови по музика, современ танц и движења, предводени од уметнички професионалци од Салцбуршкиот фестивал. Ова ново дополнување на програмата им овозможува на учесниците да  се поврзат со врвни уметнички професионалци кои ќе им го пренесат нивното искуство и  ќе ги научат како да бидат најдобри во она што го прават.

2021 CreativeFellowship претставува уникатна прилика, преку која што тинејџерите имаат можност да го покажат својот извонреден талент и добиваат шанса да бидат дел од еден голем меѓународен уметнички проект. Програмата има за цел да ги потикне младите генерации да го развиваат својот потенцијал, да ги унапреди нивните вештини и знаења и да ги  поддржи во патот кон нивниот успех.

Креативните талентирани деца од Радовиш, Конче и Штип кои што имаат музички талент, актерски или танцувачки способности или пак цртаат, фотографираат или дизајнираат, односно сите оние кои поседуваат каков било талент во која било област можат да се пријават да бидат дел од интернационалната онлајн образовна програма и да се здобијат со сертификат за завршен курс по англиски јазик, серификат за завршен курс по историја на уметност од iTunes University, специјализирани обуки предводени од експерти од Слацбуршкиот фестивал, викенд патување со посета на културните инситуции во Скопје, а само еден од нив – победникот, добива персонализирано патување во Салцбург и индивидуална обука со еден од менторите од стипендиската програма на Салцбуршкиот фестивал (во случај на законски ограничувања за патувања, патувањето ќе биде одложена или ќе се  реализира онлајн).

Пандемската 2020 година беше предизвик за програмата, која што и ја принуди трансформација на програмата во платформа за онлајн образование. Победниците од 2020 година ќе го имаат ветеното патување до Салцбург, кога интернационалните патување повторно ќе биде возможни, и кој било од поранешните учесници е добредојден да се приклучи во новиот дигитален формат на програмата.

Повикот е отворен за сите млади креативни ентузијасти од Радовиш, Конче и Штип на возраст од 14 до 17 години.

Вкупно 15 учесници од С. Македонија имаат можност да бидат дел од стипендиската програма, а крајниот рок за пријавување е 8 февруари 2021 година.

За подетални информации и начинот на пријавување, посетете ја интернет страницата:  https://solwaygroup.com/musiccamp/?lang=mk

Continue Reading

Радовиш

Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш

Media Press

Published

on

Реализација на неколку капитални прокети ја обележаa 2020 година, за Општина Радовиш. Главен проект за општината и за градоначалникот Герасим Конзулов секако е изградбата на нов резервоар за вода,  капитален проект со прекугранична соработка со Бугарија, во вредност од 53.306.000 денар, со кој се реши едно клучно прашање, проблемот со водоснабдувањето во високите зони на градот. 

Во оваа година ќе остане забележано и реконструкцијата на регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица во должина од 7 километри со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски во вредност од 35 милиони денари.

Според градоначалникот Конзулов после 40 години за прв пат се реконструира овој пат, со што се подобрија условите за движење на возилата. Исто така беше изграден и патот од Бел камен до месноста Добра,  во должина од три километри.

Изградба на коритото на река Сушица од 2,2 километри  е еден од проектите кој започна да се реализира во 2020 гоинна. Река Сушица само во последните десетина години се има излеано трипати и претставува потенцијална опасност за поплави. Наскоро речното корито ќе добие сосема нов изглед со кеј и улица покрај раката.

Проектот за енергетска ефикасност на ООУ Орце Николов од Ињево исто така е еден од капиталните проекти со кој беше извршена реконструкција на училиштето по европски стандарди. Средствата во износ од околу 288 илјади евра беа обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка.

Во 2020 се реализира и проектот за енергетски ефикасно улично осветлување, преку кој се  заменети сите стари, со нови лед, еколошки сијалици. Станува збор за инвестиција во вредност 1,6 милиони евра поддржана од Европската Банка за обнова и развој преку ЕСКО модел на јавно приватно партнерство. Општина Радовуш средствата ќе ги враќа исклучево преку заштеда на енергија, а опремата останува на трајно користење.

Општина Радовиш во 2020, набави камион кипер за потребите на ЈП Плаваја за справување со отпадот и за други потреби, со што го збогати возниот парк, со средства од Светска банка и од општинскиот буџет.

Во 2020 беше извршена и реконструкција на втората коловозна лента на Булеварот Александар Македонски во Радовиш, изградени беа и неколку  улици во градот и во населени места со што се подбрени ивфраструктурните услови на граѓаните.  

Continue Reading

Радовиш

Од денеска започна второто полугодие од оваа учебна година

Media Press

Published

on

Во двете ООУ Никола Карев и Крсте Петков Мисирков во Радовиш, наставата започна успешно. Како што велат директорите на овие училишта вообичаено учениците биле пречекани во затоплени простории, подготвени за настава. Во централните училишта учениците од 1 до 3 одделение настава посетуват со физичко присуство а од 4 до 9 оделение онлајн. Во подрачните училишта наставата се одвива со физично присуство за учениците од 1 до 5 одделение.  

Матуранти денеска не се вклучија во онлајн-наставата и во почетокот на второто полугодие од учебната година. Организирани од Средношколскиот сојуз, почнаа бојкот зашто бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура – спротивно на ставот на МОН дека оваа година нема да има измени во бројот на испити, но дека ќе се полага по скратени програми. Тие бараат намалување на бројот на предмети во државна матура и како што најавуваат бојкотот ќе трае една недела.

Continue Reading