Connect with us

Радовиш

Годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, поради актулената ситуација со Ковид -19

Avatar

Published

на

Православната црква во Радовиш информира дека годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, која веќе долги години се одржува на Бадник, започнувајќи од црковниот хам Свети Пророк Илија преку плоштадот Свети Спасо Радовишки па се до црковниот храм Света Троица, поради актуелната состојба со корона вирусот.

„Оваа година заради пандемијата, околностите не дозволуваат да формираме Бадникови поворки, но ништо не нè спречува да ја пееме Божиќната песна, каде и да се наоѓаме, посилно од било кога!

“Вечниот Бог слезе и во Дева се всели: Свет, Свет, Свет Си и Пресвет Господи…” велат од православната црква во Радовиш

„Божиќната песна да нè сплоти во силна заедничка молитва за подобра година за сите.

Полни со вера и надеж, радосно да го најавиме ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!“ додаваат од цркавата.

Радовиш

Бесплатен преглед на очен притисок во очната амбуланта во Здравствен дом – Радовиш, по повод Светска недела на глауком

Avatar

Published

на

По повод неделата на глаукомот, ОО на Црвен Крст – Радовиш, во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом -Радовиш, денеска организира бесплатен преглед на очен притисок, во очната амбуланта во Радовиш а утре во просториите на Здравниот Дом – Конче, со почеток од 09:00 до 13:30 часот.

Доктор Весна Пешева Јанковски апелира до граѓаните барем еднаш годишно да направат офталмолошки преглед, со цел навреме да се открие глаукомот. Итересот за прегледи беше голем, само за час и половина беа прегледани 60 граѓани.

Денеска се вршеа прегледи со безконтактен апарат, кој за жал беше позајмен од приватна болница, бидејќи очната амбуланта го нема и мерењето на очен притисок се прави по една посложена процедура со ставање капки за анестезија и со контактен апарт со окото.

Мерење на очен притисок со контакт
Безконтактен апарат

Оваа активност Црвен крст – Радовиш, ја организира во рамките на ЦКА – ПХВ програмата, а со цел да се подигне свеста да се прават превентивни прегледи на очен притисок после 40-тата година, како и да се покрене иницијатива за набавка на овој навидум мал но многу вреден апарат.

Инаку на денешните прегледи очен притисок беше измерен кај 125 луѓе. Кај 24 луѓе беше детектиран покачен очен притисок, со понатамошен совет да се направи комплетен офталмолошки преглед со цел поставување на точна дијагноза.

Прочитај повеќе

Радовиш

Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица

Avatar

Published

на

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 12.10 часот во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.П. и Х.П. од една страна и С.Х. од друга страна, сите од село Подареш .

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштива СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

По петти пат се одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“

Avatar

Published

на

Хуманитарното здружение „Верица“  од Радовиш, по петти пат го одржа хуманитарниот настан „Радовишка етно софра“ по повод 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост.

На овој настан учествуваа околу 250 жени кои донираа средства купувајќи домашни специјалитети кои се продавааа на лицитација со наддавање.

Домашно подготвените традиционални специјалитети беа подготвени од жените од здружението Верица и од други жени кои несебично се потрудија да направат што повеќе солени и слатки јадења наменети за продавање а со тоа и собирање на повеќе средства.

Сердства како што рече Верица Ефнушева Ценева која е главен организатор на овој хуманитарен настан же бидат донирани на Дневниот центар Порака во Радовиш и на уште две деца на кои им е потребна помош за лекување.

Настанот се одржа во ресторан „Рио“ во Радовиш каде традиционално се одржува по петти пат. Женита донираа и се забавуваа со добра музика.

Прочитај повеќе