Connect with us

Радовиш

Годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, поради актулената ситуација со Ковид -19

Media Press

Published

on

Православната црква во Радовиш информира дека годинава нема да се одржи традиционалната литија на дечињата, која веќе долги години се одржува на Бадник, започнувајќи од црковниот хам Свети Пророк Илија преку плоштадот Свети Спасо Радовишки па се до црковниот храм Света Троица, поради актуелната состојба со корона вирусот.

„Оваа година заради пандемијата, околностите не дозволуваат да формираме Бадникови поворки, но ништо не нè спречува да ја пееме Божиќната песна, каде и да се наоѓаме, посилно од било кога!

“Вечниот Бог слезе и во Дева се всели: Свет, Свет, Свет Си и Пресвет Господи…” велат од православната црква во Радовиш

„Божиќната песна да нè сплоти во силна заедничка молитва за подобра година за сите.

Полни со вера и надеж, радосно да го најавиме ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ!“ додаваат од цркавата.

Радовиш

ОО Црвен крст Радовиш Ве поканува да учествувате на крводарителската акција

Media Press

Published

on

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која ќе се одржи на 12.01.2021 година (вторник) во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш со почеток од: 09:00 до 14:30 часот.

Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно.

Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.

Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципаци

Continue Reading

Радовиш

Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште

Media Press

Published

on

Полицијата го приведе момчето кое помина низ плоштадот во Радовиш со своето возило и го објави видеото на социјалната мрежа „Тик-Ток“.

Од МВР известуваат дека вчера околу 15 часот ОВР Радовиш во полициска станица Радовиш го приведе Т.К.(24) од Радовиш.

Приведеното момче е идентификувано како возач на патничкото возило од снимката, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило.

По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Continue Reading

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 49 седница на која беа поставени неколку советнички прашања

Media Press

Published

on

Советот на Општина Радовиш ја одржа 49 работна седница со предвиден дневен ред од 33 точки и надополнување со уште три точки на предлог на престестелот на Советот Викица Манолева.

На почетокот од седницата по однос на првата точка беа поставени неколку советнички прашања од разни области, на кои одговараше претседателот на Советот.

Во продолжение на седницата беа донесени останатите Предлог Одлуки и Предлог Програми,  повеќето со подршка на сите советници.

Continue Reading