Connect with us

Струмица

Новогодишно обраќање на градоначалникот Коста Јаневски: Ви посакувам благосостојба во срцата и домовите и исполнување на сите желби

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски во своето Новогодишно обраќање до граѓанит им посакува да имаат благосостојба во срцата и домовите и исполнување на сите желби.  

„Почитувани драги мои сограѓани.

2020 година завршува и нејзиниот крај ни е просто на дофат. Година која сите не изненади и не затече со сотојба која ни беше и чудна и нова и многу поразлична од  онаа на која бевме навиканти, слободно движење, срдечно ракување, прегратки со нашите пријатели. Прифаќајќи ја новата реалност, останавме цврсто на заложбите и во вакви услови да продолжиме  да ја оправдаме довербата стекната во нас.

Грижата за граѓаните и креирањето на развојно ориентирана и економски просперитетна општина, останаа наши приоритетни ангажмани, па континуитетот во нивната реалзиација резултираше со капитални проекти кои значително го дименизираа прогресот на општината“, вели градоначалникот Јаневски во своето обраќање.

Струмица

Карневалска поворка во која учествуваа околу 1500 маскирани луѓе и годинава дел од Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Викендот во Струмица, во дел од централното градско подрачје и на плоштадот „Гоце Делчев“, се одржа големиот Струмички карневал, како главен настан од овогодишните карневалски свечености во Струмица.

Во интернационалната карневалска поворка учествуваа околу 1500 маскирани луѓе во 49 маски од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Грција, Бугарија и Македонија.

Покрај илјадниците граѓани кои го следеа карневалот, на истиот присуствуваа и гости од македонската Влада и Собранието, претставници од дипломатскиот кор, претставници од Федерацијата на европските карневалски градови (FECC) од повеќе европски земји, како и гости од други македонски Општини.

Стидиото за модерен бале „Газели“ од Радовиш и годинава имаше најинтересна маска „Подморскиот свет“ со која остави силен впечаток кај публиката.

Пред официјалниот почеток на карневалот, свое обраќање пред присутните имаа: претседателот на Бордот на директори на FECC Ларс Алгел и градоначалникот Костадин Костадинов, а во чест на јубилејот – 30 години од членството на Струмица и Струмичкиот карневал во FECC, господонот Алгел му врачи на струмичкиот градоначалник медал од федерацијата. Општ е впечатокот дека Струмичкиот карневал е еден од најдобрите во последните неколку години.

Прочитај повеќе

Струмица

Во Струмица, отворена изложбата „30 години во FECC“, во рамките на програмата на Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Синоќа во Градската уметничка галерија во Струмица беше отворена изложбата „30 години во FECC“, во рамките на програмата од вториот ден на карневалските празнувања во Струмица.

Свое поздравно обраќање пред присутните имаше членот на Советот на општина Струмица Ице Беличев, во кое меѓу дргото истакна: „Овој вечерашен настан е многу сериозна работа, затоа што станува збор за едно убаво одбележување на значаен дел од севкупното постоење на Струмичкиот карневал. Богатството од трајни вредности на тоа постоење веројатно не би било толку шаренолико, доколку не се случеше Норчепинг – Шведска и таа 1994 година во која FECC ги отвори ширум портите за добредоје за Струмичкиот карневал. Но таквиот прием треба да се заслужи, а на Струмичкиот карневал му требале само три години од неговото возобновување, со својот квалитет, да го сврти вниманието кон себе, на европското и светското карневалско семејство“.

Изложбата „30 години во FECC“ ја отвори првиот човек на Федерацијата на европските карневалски градови, Швеѓанецот Ларс Алгел, а за триесетгодишниот историјат, од приемот во FECC до денес, зборуваше претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов.

Прочитај повеќе

Струмица

Со танц на струмичките мажоретки и со симболичното предавање на клучот на градот, синоќа започна Струмичкиот карневал

Avatar

Published

на

Со звуци од химната на Струмичкиот карневал, со  танц на струмичките мажоретки и со симболичното примопредавање на клучот на градот, синоќа, на балконот на Општина Струмица и пред општинската зграда, беше означен почетокот на овогодишните карневалски сцечености во Струмица.

      Градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде клучот на градот на претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Александар Цицимов, со што на симболичен начин им ја предаде власта и управувањето со градот на струмичките карневалисти.

      На церемонијата градоначалникот Костадинов имаше свое обраќање пред  присутните, во кое меѓу другото истакна: „Негувањето на вековната традиција на празнување под маски во нашиот град доживува уште едно свое продолжение, и тоа треба да не прави исклучително горди, затоа што Струмичкиот карневал сите ние го носиме во нашиот генетски код, го чувствуваме како тече низ нашите вени, а срцата ни бијат во карневалскиот ритам. За Струмичкиот карневал подолго време се знае и со респект се зборува, како на Балканот, така и во Европа и светот, па како таков неслучајно е високо позициониран на меѓународната карневалска мапа“.

      Во рамките на првиот ден од карневалските свечености кои ќе траат осум дена , поставена е и изложбата на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“ , а за утрешната програма се предвидени: објавувањето на резултатите од конкурсот на ЛУБ „Благој Јанков – Мучето“  за најдобри литературни остварувања на тема „карневал“, концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ и отворањето на изложбата „30 години во FECC“.

Прочитај повеќе