Connect with us

Радовиш

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов

Media Press

Published

on

Земајќи ги предвид сите околности и бројни ограничувања можам да кажам дека 2020-та беше успешна работна година за Локалната самоуправа, вели меѓудругото градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов во своето новогодишно обраќање.

„Почитувани граѓани,

Годината што изминува несомнено ќе ја паметиме по глобалната пандемија која одзеде многу животи и повлече економска и социјална криза. Драстичните ограничувања и промени со кои сме соочени го преобликуваа начинот на кој живееме но отворија и шанса да покажеме дека заедно можеме да ги надминеме предизвиците кои ги носат тешките времиња.

Земајќи ги предвид сите околности и бројни ограничувања можам да кажам дека 2020-та беше успешна работна година за Локалната самоуправа.  Направивме голем исчекор во управувањето со водните ресурси, во обновата и развојот на патната и улична инфраструктура и во имплементацијата на проекти за енергетска ефикасност. Тоа ни дава за право, по првпат да зборуваме за развојни проекти кои треба да обезбедат просперитет и сигурност за следните генерации.

Почитувани,

Оваа 2020-та година покажа дека општествената солидарност и јавното здравје се темел на секоја заедница. Да извлечеме поука за иднината и да го задржиме фокусот на овие вредности.

Кога сме кај јавното здравје, посебно би сакал да им се заблагодарам на сите здравствени работници кои останаа на првата борбена линија против коронавирусот. Понатаму на сите општински и државни служби, како и приватни и физички лица кои дадоа свој придонес во справувањето со кризата.

Имаме одговорност преку нашите постапки да го вреднуваме нивниот труд. Затоа Ве повикувам празничниот период да го поминеме во кругот на најблиските. Да празнуваме одговорно.

За крај би сакал да ви ја честитам новата 2021-ва година. Од името на Општината да Ви посакам добро здравје и празнична топлина во Вашите домови. Да имаме успешна година, почитување и благосостојба за сите грѓани.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2021-ва година“, стои во новогодишното обраќање на градоначалникот Конзулов.

Радовиш

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Media Press

Published

on

Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.

„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата,  создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.

Continue Reading

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Media Press

Published

on

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена  водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската  божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител  почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.  

Верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.  

Continue Reading

Радовиш

Годинава ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, Светиот крст нема да биде фрлен во осветените води

Media Press

Published

on

Поради ситуацијата со корона вирусот и пропишаните мерки оваа година ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, соопштува Православната црква во Радовиш.

„Оваа година нема да има положување на чесниот и животворен крст во водите на Градскиот базент како и во реките и базените во останатите села каде што имаше ваква традиција. Затоа на 18.01. 2021 год. (понеделник) на празникот Водокрст во кругот на градските цркви во 09:00 часот ќе се изврши ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ и ќе можете да си земете од осветената вода.

Исто и на 19. 01.2021 год.(вторник) на празникот Водици -БОЈОЈАВЛЕНИЕ по светата литургија ќе се изврши Голем Богојавленски водосвет. Ве замолуваме да се држиме до пропишаните мерки на претпазливост.

И двата дена црквите ќе бидат отворени во текот на целиот ден.Однапред Ви благодариме за Вашето разбирање.Нека е напомош и за многу години.БОГ СЕ ЈАВИ – НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“, стои во соопштенито од Православната црква во Радовиш.

Инаку традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш секоја година се вршеше во водите на базенот во спортскиот центар Шампионче.

Continue Reading