Connect with us

Радовиш

Црковниот храм свети Пророк Илија во Радовиш добива сосема нов лик, по реновирањето деновиве започна фрескоживописот на храмот

Avatar

Published

на

Црковниот храм Свети Пророк Илија добива сосема нов лик со реновирањето на внатрешноста на црквата и фрскоживописот. 

Откако заврши првата фаза со реновирањето кое започна од пред неколку месеци, деновиве се врши  фрескоживописот на самата црква, со средства од донации.   Од црковниот храм апелираатдо верниците да донираат и да помогнат да се заврши  комплетното фрескоживописување на храмот.

„Во првата фаза од реновирањето на црковниот храм Свети Пророк Илија се изврши обнова на подот преку поставување на подно греење и нови подни плочки, беше извршено реновирање на ѕидовите и плафонот преку замена на старата мелтерија и нанесување на нова и глетување, за да може да се подготви површниата на ѕидовите за фрескоживописот. Овие денови се започна токму со цртање на фрескоживописот на храмот, за што се потребни дополнителни донации“, изјави свештеник Стојанче, претседател на Црковното настојателство во храм Свети Пророк Илија во Радовиш . Тој апелира и до верниците во стрнаство доколку се во можност да донираат и со тоа да помогнат да се заврши втората фаза со фрескоживописот на храмот.

Оние граѓани кои ќе донираат за цртање на фреските ќе бидат запишани и како донатори на самите фрески со што ќе бидат дел од историскиот момент на Светата црква.   За претстојните празници во Свети Пророк Илија ќе се одрживаат традиционалните божествени литургии, единствено ќе биде изоставена бадниковата литија на дечињата.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе