Connect with us

Македонија

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место „Полицаец“

Media Press

Објавено на

Оглас за прием на вкупно 600 полицајци во полициски станици ширум Македонија денеска распиша Министерството за внатрешни работи. Од нив, предвидено е, 100 извршители да бидат распределени во Секторот за внатрешни работи во Скопје, по 50 во Струмица, Охрид, Битола, и Куманово и по 30 во Тетово, Велес и Штип. Нови полицајци ќе бидат примени и во  Регионалните центри за гранични работи, во Оддел за заштита на определени личности и објекти,  во Единица за брзо распоредување и во Единица за специјални задачи.

Условите предвидуваат кандидатите да имаат македонско државјанство, да се помлади од 25 години, да има завршено најмалку средно образование, да е здравствено и психофизички способен и др. Посебни услови предвидуваат да е висок најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена), да има висока лична физичка подготвеност.

Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. 

Селекцијата се спроведува во неколку  фази-Административна селекција на поднесената документација,

-Проверка на моторички способности

-Психолошки тест (проверка на интелектуалните и емоционалните способности)

-Писмено тестирање (општообразовен тест), 

-Интервју (поединечен разговор со пријавеното лице),

-Безбедносна проверка и

-Здравствени прегледи.

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи УКАЖУВА дека согласно закон, полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место „полицаец” сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука згалемени за три пати.

 Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот  оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе