Connect with us

Македонија

Новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата од премиерот Заев

Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатниот центар за бездомни деца, а со некои од нив имаше прилика и да се види на настани врзани за новогодишните празници.  

„Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби. Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња и заедно да и се радуваме на Новата година. Како Влада ние сме посветени на поттикнувањето и развивањето на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот. Да одат низ животот самоуверено и сигурно”, истакна премиерот Заев во фабриката за кондиторски производи “Европа” која ја посети заедно со децата со Даунов синдром од групата “Ветерница”.

Македонија

Рестораните и другите угостителски објекти од утре ќе работат до 21 часот

Media Press

Published

on

од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот. Владата донесе одлука на вчерашната 40-та седница, а по препорака на Комисијата за заразни болести, да се измени одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти.

Со одлуката се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.

Continue Reading

Македонија

ВМРО: Владата на СДСМ не запира со манипулација на пензионерите

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја информирше јавноста дека со јануарската пензија, пензионерите ќе го добијат усогласувањето на пензиите по Закон, што според неа значи „зголемување“ на минималната пензија за 134 денари, а просечната за 185 денари месечно.

Ова е уште една ноторна лага и класично непознавање на проблематиката, како и манупулација со пензионерите, земајќи во предвид дека наместо покачување на пензиите, сега се случува континуирано намалување на стандардот на пензионерите, односно реално нивно осиромашување.” – стои во соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува манипулацијата на СДСМ со пензионерите, ја повикува Владата да ги исполни ветувањата кон пензионерите и да направи реално покачување на пензиите преку што би се подобрил стандардот на живеење на оваа категорија на граѓани. Пензионерите не заслужуваат лага и манипулација, а ние како политички партии потребно е да покажеме грижа и да се бориме за нивни мирни и достоинствени пензионерски денови.

Continue Reading

Македонија

Донација на апарати за критичните новороденчиња на детската клиника

Media Press

Published

on

Денеска, амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника, како дел од соработката со Проект Хоуп, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња. Благодарност на амбасадорот Ден Ориан за вложувањето овие години во јавното здравство. Нашата соработка продолжува и понатаму“, објави Филипче на својот профил.

Continue Reading