Connect with us

Македонија

Заев: „Празнувај одговорно“ – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи

Media Press

Published

on

Денеска премиерот Зоран Заев преку видео обраќање се обрати на сите граѓани со апел за одговорно да се прослават претстојните празници.

Заев изрази благодарност на сите оние кои се во првите редови во борбата со коронавирусот. Ги спомена лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците, припадниците на полицијата, на армијата, инспекциите и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба, притоа нарекувајќи ги херои.

Во продолжение интегралното обраќање на Премиерот:

„Годинава што изминува  ќе остане запаметена по здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, кај нас и во целиот свет. Беше и сѐ уште е многу тешко. Но, сите сме ангажирани – секој од нас е загрижен и придонесува со помош и поддршка бидејќи се работи за сопственото здравје, за здравјето на најблиските и за јавното здравје.
Но во оваа борба, во првите редови сте ВИЕ, лекарите и целиот медицински и помошен персонал во болниците. Сите ВИЕ, изминативе месеци, сте на првата линија во борбата со опасниот вирус – го штитите нашето здравје, а тоа значи дека сопственото го ризикувате, заради сите нас. На првата линија сте и вие, припадниците на полицијата, на армијата и сите останати ангажирани за време на оваа кризна состојба.
Сите вие на првата борбена линија, сте нашите херои. Ви благодарам за сета пожртвуваност и храброст!


Почитувани граѓани,
Ве повикувам, огромната поддршка и почит кон лекарите, кон медицинските работници, кон полицијата и армијата, да ја изразиме со најодговорно однесување и со целосно почитување на мерките во периодот пред нас! Еве ги новогодишните и божиќните празници. Да си посакаме здравје, но пред сѐ да придонесеме со нашето однесување кон здравје. Ако имаме здравје, ќе можеме да работиме, да заработиме, да се дружиме, да живееме и да се сакаме во кругот на семејството и блиските.
Затоа „ПРАЗНУВАЈ ОДГОВОРНО“ – носи маска, не се групирај, не слави, туку скромно одбележи. Мораме така додека не се спроведе вакцинацијата. Апелирам уште еднаш, да се грижиме за сопственото здравје, за здравјето на блиските и за јавното здравје. Да ги почитуваме мерките – да ги поддржиме сите кои се на првата линија на борбата.
Да празнуваме одговорно!“, стои во обраќањето на Заев.

Македонија

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

Media Press

Published

on

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ НА ТМВ: На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила, а се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Поради интензивни врнежи од снег од 12:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец К.Паланка – граничен премин Деве Баир.

Од 13:00 часот поради интензивни врнежи од снег е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

 Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Media Press

Published

on

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватната лабораторија на клиниката Жан Митрев во Скопје, при анализа на примероци од јануари. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен.

Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавува на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој е позитивен, а пациентот е веднаш хоспитализиран во приватната болница. На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен.

Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот.

„Според информацијата која ја проследија до Министерството за здравство, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Continue Reading

Македонија

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

Media Press

Published

on

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, ќе биде квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Воспоставувањето на Националниот регистар за вистински сопственици ќе даде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар но, e и алатка во борбата со перење на пари и финансирање на тероризам. Регистарот има за цел евидентирање и обезбедување точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни логички контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство“, истакна заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција.

Регистарот претставува најсовремено технолошко решение, со бројни контроли и силен фокус на позитивното корисничко искуство и со него во периодот што следува, институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. Вицепремиерот Николовски посочи дека целта на регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно  да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја, скриен зад комплексна слоевита правна структура.

„Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривични дела, тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата, што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст, една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на било каков начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето на истото“, изјави вицепремиерот Николовски.

Continue Reading