Радовиш
Новогодишни пакетчиња донација за Црвен крст во Радовиш, од Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора Инженеринг
Објавено на
Од
Media PressКомпанијата Адора Инженеринг и семејството на проф. Д-р Ванчо Чифлиганец и годинава не ги заборавија дечињата од Општина Радовиш, во пресрет на новогодишните празници. Донација од околу 150 новогодишни пакетчиња денеска беше доставена до Општинската организација на Црвен крст во Радовиш, од каде ќе бидат распределни до дечињата на ранливите категории граѓани. Професор д-р Чифлиганец денеска лично им подари пакетчиња на корисните во Дневниот центар за лица со попреченост „Порака“, од каде му изразија благодарност за ваквото внимание.
Секогаш ми е драго кога доаѓам во Радовиш, ова е местото каде го поминав моето детство и младоста и каде имам многу пријатели, моите сограѓани од Радовиш и од Раклиш. Секогаш кога сум во можност помагам. Така и денеска на моја иницијатива го посетивме Црвен крст и центарот Порака и дониравме пакетчиња за децата, да ги израдуваме за новогодишните празници“, рече Чифлиганец при денешната посета на Црвен крст во Радовиш.

Секретарот на Црвен крст во Радовиш Верица Беќарова се заблагодари на комапнијата Адора Инженеринг и на проф. Д-р Ванчо Чифлиганец, како и на останатите компании и здруженија кои донираа во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Поврзани содржини

Во чест на една златна генерација, која му донесе на Радовиш европска титула, БИСТА НА БОРАЧИТЕ на Булевар „Александар Македонски“

Ранчиња и комплет прибор за сите првачиња во Општина Радовиш, донација од компанијата Адора инженеринг

Со трогателен говор Чифлиганец се прости со Тони Танчев: Тажен момент, а сакам многу да кажам за нашиот Тони

Чифлиганец го отвори прашањето – Вучиќ нареди да се потпише договор со кој македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот

Драгана Д. Чифлиганец добитник на престижната награда „40 под 40“ за бизнис лидерите во Европа
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

