Connect with us

Македонија

Претседателот Пендаровски, упати честитка до католичките верници и дел од православните христијани кои денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ

Media Press

Published

on

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Дозволете ми, на сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам големиот празник и да ви посакам празничните денови да ги минете во мир и во хармонија, исполнети со радост и со среќа.

Празникот на Христовото Раѓање секогаш асоцира на време поминато во прегратка на најблиските, среде топлината на нашите домови. Да ја испочитуваме традицијата и годинава да прославуваме во рамките на најтесното семејство, да избегнуваме движења, собирања и да придонесеме со своето одговорно однесување за запирање на ширењето на пандемијата на Ковид-19 и за зачувување на животите и на здравјето на нашите сограѓани. Нека големината на овој празник и неговото значење ни бидат духовна поткрепа и надеж за надминување на кризата и за конечно враќање на нормалното секојдневие. 

Се надевам дека ќе успееме да ја зачуваме енергијата и светлината на божиќните празници преку целата година, останувајќи грижливи, солидарни и хумани, постојано имајќи добра мисла и дарувајќи љубов. Христос се роди!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.

Македонија

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски,  бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

„ Пописот е основен планиран економски развој на земјата, за напредок.Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари. Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најголемата статистика операција е политички договор. Велат дека се за попис, но електронски. Од таму додаваат дека на брутален начин се искористило европското знаменце и дека Пендаровски знае, оти нема време да се спроведе пописот а сепак го потпиша Указот.

„Во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми“, вели лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во РС Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Continue Reading

Македонија

Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со реакција до јавност во врска со изјавата на Артан Груби дека треба да им се најде место во институциите за вработување на лицата кои според Рамковен договор веќе една деценија земаат плата без да одат на работа.

„Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 „работници“, апсолутно без никаква оправданост; без воопшто никаков план во однос на тоа каде и што ќе работат; прво биле примени на работа, а потоа, блиску една деценија, тие воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од Буџетот на Република Македонија!

За иронијата да биде уште поголема, наместо санкции и барање одговорност за ваквото неоправдано државно трошење, министерот Артан Груби, врши притисок кон поединечните институции и установи, па дури им наметнува обврска, после толку години земање плата, без да се појават на работно место, установите каде овие лица ќе бидат распределени да им обезбедат соодветна обука и стручна спрема согласно работните задачи.

Најочигледна манифестација на партизираноста на нашето општество се токму јавната и државна администрација. Работните позиции во установите и институциите од овој сектор, кој енормно го оптоварува буџетот на РМ, се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација, пред се’ се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а потоа, не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим.      

Левица смета дека, крајно време е да запре вработувањето по Рамковен, како селекција по етнички клуч, а наместо ова, треба да се воведе социјална позитивна дискриминација, преку која ќе се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството“, стои во реакцијата од Левица.

Continue Reading

Македонија

Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Македонија, 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.  

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава. 

Continue Reading