Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш додели новогодишни пакетчиња на Здружението „Мобилност“

Media Press

Published

on

Во рамките на предвидените новогодишните активности на општина Радовиш, во посета беа членови на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Радовиш и Конче „Мобилност“. Традиционално и годинава на дечињата на членовите на Здрижението им беа подарени новогодишни пакетчиња.

Во име на Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов, од страна на Секретарот на општината Драги Стојанов, најпрво бше разговарано околу функционирањето на оваа здружение и нивните проблеми и активности, посакувајќи им многу здравје и среќа во новата 2021 година.

Веднаш потоа, на Здружението, односно на дечињата на неговите членови беа доделени новогодишни пакетчиња – донација од општината.

Радовиш

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Media Press

Published

on

Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.

Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Continue Reading

Радовиш

Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Media Press

Published

on

Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака. 

Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим. 

Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.

Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим. 

Continue Reading

Радовиш

Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Media Press

Published

on

Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.

Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.

Како што информираат од општината  таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.

Continue Reading