Connect with us

Македонија

Здруженито за угостителство и туризам бараат измена на членови од Законот за финансиска поддршка од државата

Avatar

Published

на

Компаниите од угостителството и туризмот бараат измена на членови од Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020

„Во насока на реализирање на четвртиот пакет мерки, а со цел поддршка за економска одржливост и директна поддршка на компаниите од различни сектори, од страна на Владата на РС Македонија, предвидените серија мерки за еден од најпогодените сектори – туризмот и угостителството согласно опфатот на дејностите во рамки на секторот, како и обемот на средства кои се издвоени за поддршка, повеќе од извесно е ќе имаат делумно ублажување на негативните ефекти од здравствено- економската криза предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Сепак, голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред сѐ хотелските објекти се соочуваат со проблем околу користење на мерката – Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (т.е. месеците октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира.

Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020. За таа цел Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот.

Имајќи го предвид фактот дека на пазарот на трудот во рамки на секторот угостителство и туризам како еден од најпогодените сектори од пандемијата доаѓа и до ситуации голем број на работници доброволно да заминуваат од работа и бараат вработување во друг сектор, а во дел од хотелите бројот на вработени е намален поради сезонскиот карактер на вработување, компаниите укажуваат дека меѓу останатите проблеми предизвикани од здравствено-економската криза, се соочуваат и со реален проблем да ги задржат вработените. Дополнителен проблем е ограничувањата за исплата по основ на награда за деловна успешност, друг вид на годишна награда на вработените или дивиденда што е резултат на успешна работа од претходен период и е значајно да биде реализирано како обврска кон вработените со цел задржување на работните позиции во услови на голема мобилност на вработените во овој сектор.

Доколку овие два услова не бидат изземени, Здружението на угостителството и туризам укажува дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени во Агенцијата за вработување на РС Македонија.

Барањето е доставено до надлежните државни институции со очекување дека ќе биде соодветно разгледано и ќе се излезе во пресрет на деловните субјекти од секторот туризам и угостителство со укажување дека голем дел од компаниите пред сѐ хотелите нема да бидат во можност да ја искористат оваа мерка“ стои во соопштението.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе