Connect with us

Македонија

Заев: Медицинскиот канабис е огромен потенцијал за здравствени цели и економски развој

Media Press

Published

on

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за економските потенцијали на земјата и планираниот развој зборуваше на темата, легализација и декриминализација на канабисот.

„Во смисла на декриминализацијата,  потребно е да се сменат Закони, дел од Кривичниот закон, делот за опојни дроги. Тоа ќе го отвориме во првото полугодие на 2021 година и генерално реакциите за ова прашање се позитивни“, рече Заев во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М, кој во однос на прашањето, која е основната идеја која се сака да се постигне со легализацијата на канабисот, инсистираше да се осврне на важноста на медицинскиот канабис, кој како што истакна е огромен потенцијал за економски развој.

„Ние имаме 59 лиценци, сакам да ја истакнам пораката за разумноста на Парламентот. Законот таму седи една и пол година. Се работи за медицински потреби на канабисот. Овде го развиваме, веќе пакетот на позитивните листи на лекови за користење. Се користи на 68 позитивни лекови на германската позитивна листа, насекаде во Европа, насекаде во светот. Одлично дава резултати за Паркинсова болест, за епилепсија, за психолошки растројства, за карциноми и за други болести“, рече Заев повикувајќи се на повеќе анализи на научници кои мапирале канабиноидни центри (рецептори) кои помагаат во болеста и во најмала рака ја намалуваат болката, го стабилизираат организмот и слично.

Тој подвлече дека одгледувањето на медицинскиот канабис е огромна потенцијална економска можност и за оваа опција има поддржувачи од  припадници на различни партии.

„Овде нема политика, ова е нешто национално. Треба да го подржиме Законот и следни се дебатите, коишто ги отворивме. Гледам има голема прифатеност на опцијата за декриминализација, луѓето зборуваат за тој пола грам, како што велат невладините организации, кој се користи дома, да се затвораат луѓе, навистина не е во ред“, оцени Заев подвлекувајќи дека останува заложбата на Министерството за внатрешни работи да води борба против шверцот и тргувањето со дрога и наркотички средства.

Заев истакна дека во земјите каде е легализиран канабисот, се чувствува економскиот потенцијал за развој на сите услужни дејности и многу од конзументите се откажуваат од хероин, кокаин, од сите тие тешки дроги.
„Во едни такви околности, јас ја отворам дебатата, верувајќи дека ќе доминираат помладите, поавангардните сили во државата. Логично ми е, постарите да бидат порезервирани, повнимателни и тоа опстојува. Но, конечната цел, остварува одличен економски раст и развој. Отвора нови работни места, внесува девизен прилив во државата, помага многу во борбата против користењето на други наркотички средства“, рече Заев кој подвлече дека во наредниот период ќе биде јавна оваа дебата и дека треба да го искористиме овој сериозен економски потенцијал.

Премиерот Заев го подвлече и тоа дека во Законот за опојни дроги се предвидува 20 проценти, наместо десет, од данокот на добивка, да одат на децата со ретки болести, за поддршка на здравствениот систем, за поддршка на спортот, културата, на граѓанскиот сектор и за медицински потреби.

Заев посочи дека дебатата во јавноста ќе биде отворена и за прашањето за легализацијата медицинскиот канабис, со отворање кафетерии, прво во одреден дел од територијата на државата, како на пример во туристичките центри како Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје како голем туристички центар.

Македонија

Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје

Media Press

Published

on

Радовиш ќе биде единствената општина од Југоистокот која ќе биде дел од проектот за унапредување на  сексуално и репродуктивно здравје, кој ќе го спроведе Здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина.

„Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.

Според Светската здравствена организација: – Сексуалните заболувања како и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите.

 Според годишниот извештај на ХЕРА за 2019 година – една од најуспешните години за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовата еднаквост во Македонија во споредба со изминатите десетина години.

Continue Reading

Македонија

Продолжува расправата во Собранието по Предлог-законот за попис

Media Press

Published

on

Пратениците вчера и завчера со спротивставени ставови по Предлог-законот за попис главно околу тоа дали и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

За СДСМ, Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а неговото донесување е од суштинско значење. Пописот ќе го спроведе Државниот закон за статистика (ДЗС) и ќе овозможи релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат развојни, долгорочни политики и стратегии. Тие се на ставот дека пописот мора и ќе се одржи годинава во април.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, како и алатка за демографски и етнички инженеринг, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.

„Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка. Законот предвидува попишување државјани, а не резидентно население, не ги содржи методологијата и компаративните бази на податоци и овозможува давање податоци само со усмено кажување на матичниот број“, се главните забелешки на  лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Забелешки на предлог законот за попис има и Левица.

„Главната работа, којашто тука фали е разграничување на две дефиниции, меѓу „вкупно“ и „вкупно попишано“ население. Значи што е резидентно население, кое население живее тука, а кое не – без тоа, вие немате Закон за попис! Со тоа вие имате еден неодреден текст, којшто јас не знам за што друго би послужил, освен единствено за демографски и етнички инженеринг.

Ние се сомневаме дека веќе бројките околу соодносот на етникумите во оваа држава се определени од вас, затоа е нели тој фамозен „врзан потпис“ меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик. И сега, ќе се оди одозгора надолу, определени се бројките, а вие реалноста ќе ја прилагодувате, за да дојдете до бројките, коишто со вашиот коалиционен партнер ги имате договорено“, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

Согласно законот, пописот треба да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. Постапката  се планира да  заврши за шест месеци и да чини вкупно 8,5 милиони евра. Последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година не се реализира.

Од ДЗС најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат.

Continue Reading

Македонија

Тим од доктори-специјалисти и медицински сестри од март ќе бидат дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри денеска заминува во Кралството Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто РС Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

Исто така, претседателот Пендаровски изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во државата.

Continue Reading