Connect with us

Радовиш

Помошта од по 6.000 денари предизвика гужви пред банките

Media Press

Published

on

Помошта  од по 6.000 денари, за подршка на граѓаните во услови на корона- криза, предизвика гужви пред банките. Граѓаните уште од раните утрински часови се редат пред банките чекајќи го својот ред за да ги подигнат парите. Но според искуството на некои граѓани парите можат да се извадат и од банкомат, така што не мора да се чека на ред пред шалтер.

Инаку вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра вчера и денеска се уплатени на сметките на ранливите групи граѓаните. По комплетирањето на списоците на лицата и извршените административно-технички проверки, над 280 илјади граѓани на трансакциска сметка ќе добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари.

Со оваа мерка истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

За многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.

Дополнително, приговорите кои стигнуваа до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат.  За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците  ќе бидат ажурирани и објавени на  веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Радовиш

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Media Press

Published

on

Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.

„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата,  создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.

Continue Reading

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Media Press

Published

on

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена  водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската  божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител  почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.  

Верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.  

Continue Reading

Радовиш

Годинава ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, Светиот крст нема да биде фрлен во осветените води

Media Press

Published

on

Поради ситуацијата со корона вирусот и пропишаните мерки оваа година ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, соопштува Православната црква во Радовиш.

„Оваа година нема да има положување на чесниот и животворен крст во водите на Градскиот базент како и во реките и базените во останатите села каде што имаше ваква традиција. Затоа на 18.01. 2021 год. (понеделник) на празникот Водокрст во кругот на градските цркви во 09:00 часот ќе се изврши ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ и ќе можете да си земете од осветената вода.

Исто и на 19. 01.2021 год.(вторник) на празникот Водици -БОЈОЈАВЛЕНИЕ по светата литургија ќе се изврши Голем Богојавленски водосвет. Ве замолуваме да се држиме до пропишаните мерки на претпазливост.

И двата дена црквите ќе бидат отворени во текот на целиот ден.Однапред Ви благодариме за Вашето разбирање.Нека е напомош и за многу години.БОГ СЕ ЈАВИ – НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ“, стои во соопштенито од Православната црква во Радовиш.

Инаку традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш секоја година се вршеше во водите на базенот во спортскиот центар Шампионче.

Continue Reading