Македонија
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Објавено на
Од
Media Press
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ.
„Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем целокупно, посебно банкарскиот би го издвоила. И тука морам да кажам не само законските регулативи, туку и подзаконските прописи што ги пропишува Народната банка, но исто така и процедурите интерни што ги имаат банките се многу строги“, рече министерката.
Таа потенцираше дека банкарскиот систем е стабилен, дека сотојбата со Алта банка има речиси незначителено учетво во целиот банкарски сектор, но легитимна е загриженоста на клиентите.
„Ако вие сте клиент на Банката во овој момент нормално е дека сте загрижени затоа што платата не сте ја добиле или пари имате во Банката. И сега администрацијата на Народната банка воведува одредени ограничувања и легитимно е правото на граѓаните да бидат загрижени. Но мора да бидеме сигурни во системот, да веруваме во системот и надлежната институција која веќе работи таму и да веруваме дека состојбата ќе биде под контрола. Дотолку повеќе што ова не е резултат на проблеми коишто ги имаше Банката во Македонија, туку ова е резултат на тоа што се случува во матичната би рекла компанија сопственик на Банката во Македонија, тоа е банката во Србија. Оттаму почнуваат проблемите така што Банката во Македонија доаѓа во состојба да нема сопственик, односно се менуваат ситуациите таму и тука настануваат проблемите“, појасни министерката.
Порача да оставиме на надлежната институција – Народната банка да ги спроведува активностите согласно подзаконските акти и да ги следиме состојбите.
Според министерката важно е дека го имаме Фондот за осигурување депозити, преку кој во крајна линија доколку има потреба ќе се обесштетат депонентите во банката. При то изрази уверување дека до таква ситуација не би требало да дојде.
Во интервјуто се осврна на Предлог-ббџетот за 2027 година, во кој што како што истакна најпрво е предвидено да ги задоволи законските обврски и понатаму да ја има развојната компонента. Исто така наведе дека вработените во сите институции ќе добијат повисоки плати како резултат на порастот на минималната плата, а во одредени сектори и врз основа на потпишани колективни договори.
Поврзани содржини

Помошта од по 6.000 денари предизвика гужви пред банките

Локалниот совет за превенција побара од банките да го зголемат бројот на редарите пред филијалите

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре готовина од банки по азбучен ред

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

