Connect with us

Гевгелија

Медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра за Општа болница и Центарот за јавно здравје- Гевгелија

Avatar

Published

на

Во текот на пандемијата од КОВИД-19, гевгелиските фирми и компании како и институции од општина Гевгелија и соседните општини неколку пати ја покажаа својата општествена одговорност, самоиницијативно или во соработка со Општина Гевгелија реализирајќи хуманитарни акции за ублажување на последиците од кризата во гевгелиското подрачје.

„Со последната хуманитарна акција што ја организираше фирмата „Жито Пром“ од Гевгелија заедно со повеќе фирми од Општина Гевгелија и од општините Богданци и Дојран, обезбедени се медицинска опрема и уреди во вредност од 25.000 евра за Општата болница и Центарот за јавно здравје-Гевгелија“ информираат од општината.

       

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе