Connect with us

Радовиш

Рудникот Бучим и годинава ги изненади со новогодишни пакетчиња корисниците на Дневниот центар „Порака“

Media Press

Published

on

Радост среќа и насмевки на лицето на корисниците на Дневниот центар Порака во Радовиш при денешното доделување на новогодишните пакетчиња, подарок од рудникот Бучим, а по повод новогодишните и божиќните празници.  

Заменик генералниот директор Николајчо Николов, и во ваква вонредна ситуација ги посети и им ги  разубави новогодишните празници на своите пријатели од Дневниот центар Порака.

Раководителот Тања Костадинова се заблагодари на рудникот Бучим за ваквата донација, но и за досегашната успешна соработка со центарот „Порака“.

Инаку поради вонредната ситуација поради Ковид-19, извесен период корисниците работеа онлајн но од пред една недела повторно се вратија со физичко присуство во Дневниот центар Порака.

Македонија

Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје

Media Press

Published

on

Радовиш ќе биде единствената општина од Југоистокот која ќе биде дел од проектот за унапредување на  сексуално и репродуктивно здравје, кој ќе го спроведе Здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина.

„Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.

Според Светската здравствена организација: – Сексуалните заболувања како и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите.

 Според годишниот извештај на ХЕРА за 2019 година – една од најуспешните години за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовата еднаквост во Македонија во споредба со изминатите десетина години.

Continue Reading

Радовиш

Денеска се празнуват два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица

Media Press

Published

on

Денеска православната црква празнува два празника Обрезание Христово и Свети Василиј Велики или Василица. Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од неговото раѓање се носело во храмот каде било обрежувано и му било давано име. Обрезание Христово се однесува на обрежувањето на Господ Исус Христос

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики на кој народто му дава поголемо значење  и е попозната како Василица и е домашна слава на многу семејства. По тој повод во црковниот храм Св.Троица  денеска беше одржана света Василичарска божествена литургија.

Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Како светец бил прогласен по неговата смрт. 

Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката.

Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година. Дел од останките на Свети Василиј се наоѓаат и во црквата Свети Кирил и Методиј во Струмица, пред кој верниците веќе 25 години се поклонуваат.

Традиционално спроти 14 јануари, вечерта по старата македонска традиција се меси и прави зелник, се дели лепче со паричка, кому ќе се падне паричката ќе биде кум наредната година и ќе го организира дочекот на Стара Нова година или василичарски огнови за Василица. Богата трпеза на која задолжително има домашни колбаси и друга храна подготвена од домаќинките, како и вино и грејана ракија при што се пеат староградски  и народни песни до рано изутрина.

Оваа традиција во Радовиш и околните населени места се негува со децении. Според православната црква Василичарските огнови и маски,  се сметат како наследство од предхристијанството и се пагански обичаи. Годинава поради пандемијата со корона вирусот ваквите василичарски огнови и групирања на луѓе, не беа дозволени.

Continue Reading

Македонија

Вечер се слави Стара нова година, а утре Василица

Media Press

Published

on

По Божик, православните христијани на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица односно Стара нова година. Според обичаите на овој ден се прави домашно лепче во кое домаќинките ставаат паричка, и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Се пејат и василичарските песни во кој треба да биде опфатен тропарот на свети Василиј Велики. Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги прогонуваат лошите сили  а според црквата е пагански обичај.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Од Атина повторно заминал во Ерусалим каде на триесетгодишна возраст бил покрстен од страна на епископот Максим во реката Јордан и потоа ракоположен за отец во црквата.

 Според христијанското верување, Свети Василиј го раздадел својот имот на сиромашните  ставајки златници во лебот. Одовде потекнува и обичајот во некои краишта, да се дели лепче со паричка и на Стара Нова година. и тргнал во 357 година кон Александрија, Египет, Палестина и Месопотамија, учејќи го монаштвото. Во областа на монаштвото оставил и многу поуки. Зборувал и пишувал прекрасно за покајанието, пороците и добродетелите, смртта и воскресението на душата, спасението. Во 360 година бил поставен како ѓакон, а подоцна и како свештеник.

Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.  Како светец бил прогласен по неговата смрт.

Continue Reading