Connect with us

Македонија

Православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара

Media Press

Published

on

Света Варвара е еден од поголемите христијански празници и на овој ден се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите. Во нашите краишта со овој празник е поврзан и обичајот полазник (полаза). Во радовишко верниците посебно внимават кој ќе ги посети денеска во нивните домови, а во зависност од тоа и каков полез ќе имаат наредната година. Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек и со „лесен полез”, за претстојната година да биде среќна.

 Според житието таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посветила на Христа, се викал Диоскор и бил познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата бил незнабожец.

„Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот вистински Бог и Создател. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера.

 Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господа Христа. Таа нареди да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацрта со прстот крст и крстот се вдлаби во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избиваше извор со вода којашто подоцна на мнозина им донесе исцеление од болестите.

 Кога дозна Диоскор за верата на својата ќерка,  ја протера од кулата и ја гонеше за да ја убие. Карпата се отвори и ја скри Вравара од суровиот татко. Кога му се јави повторно, татко ѝ ја однесе пред началникот Мартијан, на кого што му ја предаде за мачење. Невината Варвара ја расоблекле и сурово ја мачеле. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ со Ангели и ја исцели. таткото самиот си ја закла ќерката,. Истиот тој ден удри гром во куќата на Диоскор и ги уби него и Мартијан“, се вели во житието.

Света Варвара пострадала во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, света Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

Македонија

Изгласан Законот за попис на населението и домаќинствата

Media Press

Published

on

Собрането денеска со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои  Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи пролетва во април.

Последниот попис се одржа во 2002 година што значи 19 години не е попишано населението во земјава.

Владејачката коалиција предводена од СДСМ доби поддршка за Законот од Алијансата за Албанците и Алтернатива, а против законот беше ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најави дека ќе бара негово поништување и започна со собирање потписи од граѓаните за поништување на законот.

Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. За разлика од претходните, главната новина во овој попис е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми.

Continue Reading

Македонија

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања

Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денес се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Едни од главните теми коишто се наметнаа на дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како обуките коишто им претстојат на наставниците.

Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што за прв пат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа.“ Истакна министерката Царовска

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

Continue Reading

Македонија

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Media Press

Published

on

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во објава на неговата фејсбук страница напиша дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини? “ – напиша Мицковски

Continue Reading