Регион

Четири општини од Југоисточниот регион ќе реализираат проекти за побогата туристичка понуда

      Советот за развој на Југоисточниот плански регион, вчера ја одржа својата 23 седница, на која зедоа  учество  градоначалниците од општините од регионот.

 Седницата се одржа онлајн на електронската платформа Zoom, на која беше утврдена листата на регионални приоритетни предлог-проекти за 2021 година. За првпат, во усвоените концепт-решенија и ранг-листата преку спроведување прашалник на Втората форумска сесија учествуваа и претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор.

            Во листата на регионални приотитетни предлог-проекти за 2021 година, најмногу поени освои проектот за збогатување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион во општините: Kонче, Валандово, Дојран и Гевгелија. Во овој проект влезе и доизградба на локален пат до с. Хума во општина Гевгелија покрај изградба на пешачка патека кон граничниот премин Стар Дојран во општина Дојран, изградба на туристичка патека од манастирот „Св. Горѓи“ до Исар Кулата во општина Валандово и доизградба и опремување на конак во дворот на манастирска црква „Св. Стефан“ во с. Конче, општина Конче.

            Буџет на проектот изнесува 23.017.239,00 денари со ДДВ. Проектот располага со комплетна техничка документација и одобрение за градба. Овој проект, кој е планирано да се спроведува во четири општини во Југоисточниот регион преку спроведување на низа активности, ќе придонесе кон поддршка и развој на различни видови на туризам во регионот и тоа: рурален, езерски, културен и црковен, планински, ловен туризам.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago