Македонија

Матурантите сепак ќе полагаат државна матура, прашањата се поедноставени

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес конференција  изјави дека државна матура ќе има и дека таа е законска обврска.

Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, туку и за запишување на домашните факултети и продолжување на образованието надвор од државата, рече Царовска. Таа потенцира дека учениците кои што лани сакале да се запишат надвор од државата, не можеле тоа да го сторат оти немале положен матурски испит.

„ Матурата е задолжителна и тоа не само во нашата држава, туку и во земјите во регионот и во развиените европски земји. Ние сме целосно подготвени матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин со концепцијата којашто е донесена и усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на состанок во Министерството. Тогаш утврдивме дека наредната година треба да ја менуваме концепцијата и на тоа забрзано работиме. И оваа година воведовме свежина и нови новини коишто беа предложени заеднички со учениците и токму затоа на тој начин ќе ја спроведеме и оваа година матурата“, истакна министерката Царовска.

Таа потенцира дека прашањата се поедноставени согласно условите во коишто треба да се изведе оваа матура.

„Важно е да бидеме дел од развиените држави оти минатата година ние бевме негативен исклучок по тоа што не можевме да спроведеме или не се оствари матурата. Тоа направи огромни проблеми за учениците коишто требаше да се запишат и во високото образование во нашата држава, но исто така уште повеќе ја искомплицира работата за учениците коишто требаше да се запишат надвор од државата“, рече Царовска.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago