Економија
Одгледувачи на органско производство добија субвенции во висина од 91,6 милиони денари

Published
1 month agoon
By
Media Press
Вкупно 91,6 милиони денари се исплатени на 658 одгледувачи на органско производство како субвенции од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.
Согласно програмата за рурален развој, средства ќе бидат исплатени на сите кои на органски начин одгледуваат градинсрски култури, постоечки лозови и овошни насади, овци,кози, говеда и пчелни семејства.
Средствата за финансиска поддршка на органското производство се исплатени на сите земјоделски производители кои поднеле барање за користење на финансиската поддршка и ги исполниле условите за искористување на средствата од Програмата за рурален развој.
Поврзани содржини
Оддржана обука за платформата за директна комуникација помеѓу локалните земјоделци
Утврдени мерките за откупот на грозјето, субвенционирање во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби
65.554 земјоделци во државата аплицирале за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година
До петок завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година
Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за поднесување на барања за субвенции
Подрачните единици на МЗШВ ќе работат и за време на викендот за поднесување на барања за субвенци
Економија
Шахпаска: Започна со имплементација на проектот Гаранција за млади

Published
2 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири одржаа презентација на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување за 2020 година.
„И покрај тоа што Оперативниот план за 2020 година беше подготвуван без никакви претпоставки и предвидувања за светска пандемија, сепак неговата реализација изнесува високи 94,5%, односно опфатени беа 10.953 невработени лица. Реализирани се 1 милијарда и 270 милиони денари, од кои 650 милиони денари за поддршка за креирање на нови работни места“, истакна министерката Шахпаска.
Таа ја посочи мерката за самовработување како една од најдобрите и најуспешните, со висока реализација од 98,5%. Притоа, напомена дека преку мерките доделување на грантови во износ од 5.000 до 10.000 евра, Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти се вработиле околу 4.000 лица.
„Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а започна со имплементација на проектот Гаранција за млади. Во фокусот на овој проект се млади, невработени лица до 29 години и мерката даде одлични резултати и покрај специфичните услови што ги наметна пандемијата КОВИД-19. Од вклучени 25.482 млади лица, 7.197 се вработиле, а 1.249 лица преку вклучување во активни мерки ја зголемиле својата вработливост“, истакна Шахпаска.
Директорот на АВРСМ, Демири посочи дека целосна искористеност се бележи и на програмите за поголема социјална вклученост на потешко вработливите лица на пазарот на трудот, односно програмата Општинско корисна работа и програмата Јавни работи.
„Преку овие програми потешко вработливите лица стекнуваат вештини преку задоволување на потребите од социјални услуги на локално ниво, проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво. Преку двете програми работно се ангажирани 1063 невработени лица“, истакна Демири.
Економија
Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Published
2 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
На денешната седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање на политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Со Оперативниот план за вработување за 2021 година во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување како и креирање на ад-хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на трудот во Република Северна Македонија предизвикана од пандемијата од КОВИД 19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата.
Оперативниот план за 2021 година ги задоволува потребите на општеството и со истиот се согласија социјалните партнери кои присуствуваа на денешната седница на Економско социјалниот совет.
Со оглед на успешната реализација на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување од Буџетот на МТСП во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за повеќе од четири пати .
На денешната седница се разгледа и се усвои Програмата за работа на Економско социјалниот совет, а до социјалните партнери беше побарано нивно активно вклучување во креирањето на мерки за петиот пакет економска помош од државата.
Економија
Средба на министерот Бесими со италијанскиот амбасадор Силвестри: Економската состојба стабилна и покрај ковид-кризатa

Published
2 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Странските директни инвестиции од Италија во земјава изнесуваат 107 милиони евра, но соработката има потенцијал да се продлабочи. Земјата добро се справува со ковид-кризата, додека преку четирите пакети на антикризни мерки се дала поддршка на стопанството и на граѓаните за надминување на кризата, беше констатирано на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и новиот амбасадор на Италија во земјава Андреа Силвестри.
Со четирите пакети антикризни мерки се таргетираа компаниите и граѓаните погодени од ковид-кризата, како и во насока на заштита на здравјето на населението. Вкупниот износ на сите обезбедени пакети изнесува околу една милјарда евра, или приближно 10% од нашиот БДП.
За годинава, беше посочено, нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. Годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето-странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио.
Со редизајнирање на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се поставува цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрз економски раст на среден и долг рок, беше посочено на средбата од министерот.
На средбата, од двете страни беше изразена надеж за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Шахпаска: Започна со имплементација на проектот Гаранција за млади

Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
