Македонија
Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент од Ковид-19, 22-годишна бремена жена

Published
2 months agoon
By
Media Press
Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент, 22-годишно лице од Скопје. Лицето е едно од 28-те починати од Ковид-19 во текот на претходното деноноќие. Од починатите, пет пациенти се од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22 г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82 г), двајца од Струга (59 и 69 г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61 г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76 г) и еден пациент од Кичево (80г). Двајца се починати вонболнички услови, а 26 во болнички услови.
Покрај 28 починати, Министерството за здравство вчера регистрираше нови 929 случаи на заразени со коронавирусот од направени 2758 тестирања и 1068 оздравени пациенти.
Во Скопје има 417, Куманово 40, Штип 20, Прилеп 47, Тетово 46, Струга 31, Велес 39, Битола 46, Охрид 33, Кавадарци 23, Гостивар 37, Гевгелија 11, Струмица 32, Крива Паланка 7, Радовиш 2, Крушево 1, Кочани 22, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 5, Валандово 3, Виница 4, Делчево 10, Кратово 1, Свети Николе 10, Кичево 22, Ресен 5, Неготино 10.
Институтот за јавно здравје регистрирал 1.068 оздравени пациенти од: Скопје 255, Куманово 51, Дебар 3, Штип 40, Прилеп 81, Тетово 74, Струга 23, Велес 64, Битола 33, Охрид 31, Кавадарци 40, Гостивар 67, Гевгелија 22, Струмица 68, Крива Паланка 11, Радовиш 8, Кочани 27, Пробиштип 6, Демир Хисар 3, Македонски Брод 7, Берово 15, Валандово 6, Виница 9, Делчево 31, Кратово 10, Свети Николе 19, Кичево 42, Ресен 9 и Неготино 13.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира вчера од Министерството за здравство.
Министерот Филипче вчера изјави дека и покрај зголемената потрошувачка, антикоагулантна терапија Клексан и Ксералте има доволно во земјава.
-Потрошувачката на антикоагулантна терапија е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терапија, ниту во аптеките, ниту во болниците, информираат од Министерството за здравство.
Во однос на лекувањето на Ковид-19, во последниот период се истакнува ефикасноста на лекот ивермектин, кој кај нас засега се користи во прашкаста форма за лекување животни.
Поврзани содржини
Во земјава досега не е потврден новиот британски сој на КОВИД-19, но се појави кај соседите
Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство се забележани 183 нови случаи на ковид-19
Македонија ќе добие 800 000 вакцини Фајзер против Ковид-19
Регистрирани се 237 нови случаи на ковид-19, во Југоистокот 13 нови случаи. 8 лица починале
Над 400 пациенти со Ковид-19 досега се излекувале преку третирање со конвалесцентна плазма
Во регионот во последните 24 часови има 38 нови случаи и 23 излечени пациенти од Ковид-19
Македонија
Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Published
11 hours agoon
January 25, 2021By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.
Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.
Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.
„ Пописот е основен планиран економски развој на земјата, за напредок.Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари. Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место“, велат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека најголемата статистика операција е политички договор. Велат дека се за попис, но електронски. Од таму додаваат дека на брутален начин се искористило европското знаменце и дека Пендаровски знае, оти нема време да се спроведе пописот а сепак го потпиша Указот.
„Во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми“, вели лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во РС Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.
Македонија
Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Published
12 hours agoon
January 25, 2021By
Media Press
Политичката партија Левица со реакција до јавност во врска со изјавата на Артан Груби дека треба да им се најде место во институциите за вработување на лицата кои според Рамковен договор веќе една деценија земаат плата без да одат на работа.
„Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 „работници“, апсолутно без никаква оправданост; без воопшто никаков план во однос на тоа каде и што ќе работат; прво биле примени на работа, а потоа, блиску една деценија, тие воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од Буџетот на Република Македонија!
За иронијата да биде уште поголема, наместо санкции и барање одговорност за ваквото неоправдано државно трошење, министерот Артан Груби, врши притисок кон поединечните институции и установи, па дури им наметнува обврска, после толку години земање плата, без да се појават на работно место, установите каде овие лица ќе бидат распределени да им обезбедат соодветна обука и стручна спрема согласно работните задачи.
Најочигледна манифестација на партизираноста на нашето општество се токму јавната и државна администрација. Работните позиции во установите и институциите од овој сектор, кој енормно го оптоварува буџетот на РМ, се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација, пред се’ се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а потоа, не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим.
Левица смета дека, крајно време е да запре вработувањето по Рамковен, како селекција по етнички клуч, а наместо ова, треба да се воведе социјална позитивна дискриминација, преку која ќе се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството“, стои во реакцијата од Левица.
Македонија
Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Published
13 hours agoon
January 25, 2021By
Media Press
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Македонија, 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“
