Гевгелија
Почна монтирањето на модуларната КОВИД-болница во Гевгелија

Published
5 месеци agoна
By
Media Press
До крајот на наредната недела се очекува да пристигне и опремата која веќе е набавена од Министерството за здравство. Така што, до крајот на оваа година, се очекува овој модуларен КОВИД-центар да профункционира.
Општината ја заврши својата обврска за подготовка на теренот каде што сега веќе се работи на подогнувањето на модуларниот КОВИД-центар. За таа цел, локалната самоуправа ангажираше фирма околу обезбедувањето на комунална инфраструктура. Екипите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија беа вклучени во инсталирањето на водоводна и канализациона мрежа која ја поврзаа со Општата болница, а екипите на ЕВН-КЕЦ извршија приклучување на електричниот трансформатор.
Целиот објект ќе биде со површина од 400 метри квадратни, со дел наменет за подготовка на персоналот со заштитна опрема, Оддел за прием на пациенти каде ќе се зема брис и ќе се изведуваат тестови за Корона вирус и согласно резултатот ќе се упатува пациентот дали треба да остане во КОВИД- стационарниот центар или на друго специјалистичко лекување во болницата.
Модуларната КОВИД-болница ќе располага со мобилен рентген-апарат, ЕХО, подготовка на здравствените работници, сала за прием на пациенти, Одделение за болничко сместување и третирање на КОВИД-заболените. Гевгелија заедно со вкупно 16 општини во држатата со изградбата на модуларните КОВИД-центри ќе функционираат како Регионален КОВИД-центар како што функционираат и досега обезбедувајќи здравствена грижа на КОВИД-пациентите од Гевгелија, Богданци и Дојран.
Поврзани содржини
Поради зголемениот број на КОВИД-заболени, исполнети капацитетите во Општа болница- Гевгелија
75 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово
124 лица од персоналот на Општа болница- Гевгелија се пријавиле за вакцина против КОВИД-19
Зголемена комуникација на Општина Гевгелија со граѓаните, преку Систем 48 и Општинскиот центар за услуги
Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже
Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија поволна, продолжуваат да важат мерките за заштита од КОВИД-19
Гевгелија
Во Гевгелија, досега се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“

Published
4 дена agoна
април 19, 2021By
Media Press
Во општина Гевгелија, досега, се вакцинирани 400 лица над 70 години со првата пратка „Астра Зенека“ во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Започнувајќи од денеска, имунизацијата се одвива со аплицирање од 100-те вакцини од втората пратка, истакна одговорната докторка Тодорка Окова. Нагласувајќи дека според динамиката на вакцинирање во пунктот, би требало до 21 април да се потрошат количините на располагање.
Според бројот на пријавени, директорот на Општа болница, д-р Митко Крџев, истакна дека постои голем интерес на граѓаните за имунизација против КОВИД-19 од старосната група над 70 години. Додека, за одвивањето на понатамошното вакцинирање се чекаат конкретни насоки од Министерството за здравство.
Што се однесува на здравствениот билтен на Општина Гевгелија, Крџев истакна дека има благо намалување од околу 30% на новорегистрирани случаи, заклучувајќи ја ваквата констататација по бројот на дневни прегледи во КОВИД- модуларната болница. Притоа, нагласувајќи дека ваквата состојба не значи дека треба да им биде мотив на граѓаните за опуштање, напротив да продолжат со почитување на мерките кои се уште се во сила. Бидејќи, и покрај намалениот број на новозаболени, се уште се исполнети капацитетите за хоспитализирање со кои располага Општата болница во Гевгелија. Имено, во КОВИД-болницата се хоспитализирани 26 лица, додека 40 лица се на дневна терапија.
Гевгелија
Сеуште трае потрагата по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија кој исчезна пред речиси 20- тина дена

Published
1 недела agoна
април 16, 2021By
Media Press
И, вчерашната потрага по исчезнатиот Илија Минов од Гевгелија, во организација на Општината и ОВР- Гевгелија без никакви резултати. Имено, по деталното пребарување на двата брега на реката Вардар и ридските предели наоколу, се до грчката граница, во кое беа вклучени вработени од: Општина Гевгелија, ОВР, ДСЗ, ТППЕ, ЦУК, Шумска полиција и шумско стопанство, Водостопанство и членови на двете планинарски друштва „Кожув“ и „Двете Уши“ и риболовното друштво „Акваспорт“, не се пронајдени никакви траги од Минов. Пребарувањето започна во 10:00 часот, а траело до 12:30 часот.
ОВР- Гевгелија ќе продолжи со потрагата иако, како што истакна началникот Карапеев, од наредниот ден по исчезнувањето на Минов, па досега, се преземени сите мерки и се искористени сите ресурси со кои располага институцијата за пронаоѓање на исчезнатиот.
Изминатите денови, по укажувањата на индициите каде би можел да се пронајде Минов, се пребаруваше речното корито на Вардар со хеликоптер, трагачки кучиња, нуркачка екипа од специјалната единица на МВР, дрон и сл. За случајот, преку Интерпол, известени се грчката полиција и службите на граничните премини.
Последно, Илија Минов бил виден на 29 март, 2021 година, во 07:30 часот, облечен во зелена јакна, кремаста блуза, сини фармерки, кафеаво шалче со риги и црни кондури.
Гевгелија
Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, исчезнал нејзиниот сопруг

Published
3 недели agoна
март 30, 2021By
Media Press
Гевгеличанка пријавила во полиција дека од вчера околу пладне, нејзиниот сопруг излегол од дома и повеќе на се вратил. Спорд информациите од СВР Струмица станува збор за 59- годишно лице од Гевгелија.
„На 29 март во 12.30 часот во Полициска станица Гевгелија, С.Д.М.(49) од Гевгелија пријавила дека од нивниот дом се оддалечил нејзиниот сопруг И.М.(59). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во соопштението од СВР Струмица.

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
