Connect with us

Македонија

ДОМ: Рудник во Иловица нема да има!

Media Press

Published

on

Зелената партија ДОМ бара да не се разводнува случајот на концесијата за Иловица-Штука и да се донесе одлука со која ќе се одбие спојување на концесиите и ќе се потврди одлуката на Владата и Второстепената комисија за одземање на дозволата за експлоатација на концесионерот.

„Жалбената постапка што концесионерот ја започна пред Управниот суд во врска со одземањето на дозволата за експлоатација на злато и бакар во рудникот Иловица-Штука, заврши со пресуда на Вишиот управен суд што може да го “воскресне” концесионерот. Уважувањето на неговата жалба со која се бара спојување на двете концесии и потоа повторно одлучување за одземање на дозволата е неприфатливо!

Според судот, грешка е што надлежниот орган не одговорил на претходно барање за спојување на двете концесии, Иловица 6 и Иловица 11, за да може да се решава за дозволата за експлоатација. Ова барање за спојување е од 29.1.2016 година, но компанијата до денешен ден нема комплетна документација за Иловица 11, такашто ниту таа може да добие дозвола за експлоатација за Иловица 11, ниту може да се спојат концесиите. Понатаму, Владата ја одзеде концесијата за рудникот Иловица на 16.12.2019 година поради прекршување на Договорот за концесија, односно изминување на рокот од 2 години по доделувањето на концесијата до отпочнување на експлоатацијата. Имено, од доделувањето на концесијата (на 16.6.2012 година) изминале 7,5 години, а од потпишувањето на Договорот и Анексот на договорот (од 23.9.2014 година и од 22.6.2015 година) изминале 5, односно 4,5 години.

Уште едно прашање што треба да се има предвид е фактот што Министерството за животна средина и просторно планирање, спротивно на закон, донело Решение за одобрување на Студијата за оцена на влијание за едната концесија (Иловица 6) без истата да биде целосно објавена и без одржување на јавна расправа. Притоа на Иловица 6 се лоцирани објектите за површински коп (што вклучува и минирање) и за флотација, а на Иловица 11 се планира изведба на хидројаловиште и висока брана.  Потоа концесионерот изработил Студија за оцена на влијанијата врз животната средина за двете концесии, без тие да бидат формално споени.

Оваа се само еден мал дел од огромниот број неодговорени прашања во врска со криминалниот процес на издавање концесии, кој сега станува исклучително опасен заради барањето за спојување на концесиите и враќање на повторно одлучување. Затоа апелираме судските перипетии да не влијаат на натамошните одлуки, односно да се опстои на претходната исправна одлука на Владата.

Рудник во Иловица нема да има!“ стои во соопштението од ДОМ.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Указот, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски,  бил потпишан по извршените консултации со правни експерти.

Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.

„ Пописот е основен планиран економски развој на земјата, за напредок.Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари. Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека најголемата статистика операција е политички договор. Велат дека се за попис, но електронски. Од таму додаваат дека на брутален начин се искористило европското знаменце и дека Пендаровски знае, оти нема време да се спроведе пописот а сепак го потпиша Указот.

„Во екот на пандемијата, кога десетици европски држави, меѓу кои се Германија, Шкотска, Ирска, Србија, Романија, Бугарија, го ОДЛОЖУВААТ пописот, Владата на СДСМ изведува политички инженеринг и ја турка Македонија во уште поголема рецесија и проблеми“, вели лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Собранието на 21 јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во РС Македонија. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година.

Continue Reading

Македонија

Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица со реакција до јавност во врска со изјавата на Артан Груби дека треба да им се најде место во институциите за вработување на лицата кои според Рамковен договор веќе една деценија земаат плата без да одат на работа.

„Дека Македонија одамна важи за држава во која партиското влијание е навлезено во сите пори на општеството, доволно говори фактот што повеќе од 1.300 „работници“, апсолутно без никаква оправданост; без воопшто никаков план во однос на тоа каде и што ќе работат; прво биле примени на работа, а потоа, блиску една деценија, тие воопшто и не се појавувале на своите работни места, а добивале плата од Буџетот на Република Македонија!

За иронијата да биде уште поголема, наместо санкции и барање одговорност за ваквото неоправдано државно трошење, министерот Артан Груби, врши притисок кон поединечните институции и установи, па дури им наметнува обврска, после толку години земање плата, без да се појават на работно место, установите каде овие лица ќе бидат распределени да им обезбедат соодветна обука и стручна спрема согласно работните задачи.

Најочигледна манифестација на партизираноста на нашето општество се токму јавната и државна администрација. Работните позиции во установите и институциите од овој сектор, кој енормно го оптоварува буџетот на РМ, се преплавени со партски лица кои се примени само поради својата партиска или етничка припадност (согласно Рамковниот договор), но без никаква стручност и компетентност. Токму поради ваквите причини, нашата државна и јавна администрација, пред се’ се карактеризира со исклучителна неефикасност и нетранспаретност, а потоа, не помалку важно е и тоа што токму преку овој сектор владејачката гарнитура си ја купува политичката поддршка. Токму ваквата тенденција низ годините покажа како Рамковниот договор се користи само за вработување на корумпираните кадри на ДУИ и зајакнување на политичката моќ на оваа партија, која две децении е дел од секој владејачки режим.      

Левица смета дека, крајно време е да запре вработувањето по Рамковен, како селекција по етнички клуч, а наместо ова, треба да се воведе социјална позитивна дискриминација, преку која ќе се дава првенство на лицата од социјално загрозени семејства, децата без родители, децата на стечајците и категории слични на нив, при што воопшто нема да биде од значење нивната етничка припадност, партиска определба, раса, вера, возраст, туку нивниот социјален статус во општеството“, стои во реакцијата од Левица.

Continue Reading

Македонија

Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Македонија, 27 јануари 2021 година (среда), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.  

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава. 

Continue Reading