Македонија
До крајот на годината на партиите ќе им бидат доделени вкупно околу четири милиони евра
Published
3 години agoна
By
Media PressНа партиите им се овозможува да ги вратат назад парите кои им беа скратени со уредба изминатата пролет, поради пандемијата, откако законот за финансирање на политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем, со поддршка и од власта и од опозицијата. На овој начин, на партиите ќе им бидат доделени вкупно околу четири милиони евра.
„Без ниту едн глас против ниту воздржан, без ниту еден амандман во Собранието на Република Македонија, динесена е одлука до крајот на годината партиите да си поделат 4 милиони државни пари. Пари од граѓаните.
Во време кога државата се соочува со пандемија предизвикана од Ковид -19, која последователно предизвика и длабока економска криза, на пратениците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, албанските партии и Левица, не им е битна ниту кризата, ниту пандемијата, ниту дали и како граѓаните го поминуваат месецот“, стои во соопштенито од претседателот на Македонски концепт, Богојески.
На политичките партии, разликата ќе им биде исплатена најдоцна до 31 декември годинава, согласно со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии.
Поврзани содржини
Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно
Уште два дена остануваат за постигнување согласност за состав на нова Влада
Во Управен Суд стигнаа и 102 тужби од „Левица“
Продолжува предизборната кампања, партиите имаат уште шест дена да се претставуваат пред граѓаните
Политичките партии со консензус одлучија на лидерската средба дека здравјето на граѓаните останува приоритет
Лидерска средба во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски закажана за утре
Македонија
Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)
Published
5 часа agoна
март 29, 2024By
Media PressЦеновник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.
Македонија
Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressВо интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.
„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.
Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.
„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.
Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.
До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.
Македонија
МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media Press„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.
Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.
„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.