Струмица
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа во струмичко

Published
2 months agoon
By
Media Press
Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 13:50 на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево, во која се повредени четири лица кои се превезувале во патничките возила.
За сообраќајната несреќа информираа од Територијалната професионална против пожарна единица на Струмица, која на лице место интервенираа со шест пожарникари и едно противпожарно возило. Повредените во сообраќајната несреќа се пренесени во Струмичката болница.
На местото на несреќата се врши увид. Патот е затворен за сообраќај, а полицијата го насочува преку заобиколни патишта. Повеќе детали за несреќата од полицијата најавуваат за подоцна.
Поврзани содржини
Тешка сообраќајна несреќа во Струмица
Тешка сообраќајна несреќа се случила викендот во Богданци, починало едно лице
Повредено 15 годишно момче во сообраќајна несреќа
Малолетник од Калаузлија радовишкo, повреден при сообраќајна несреќа помеѓу мотор и велосипед
Повредени две лица во сообраќајна несреќа која се случи доцна синоќа, на раскрсницата кај Василево
Се запали стара куќа во с. Старо Коњарево
Струмица
Санкционирани 137 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената

Published
23 hours agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирла 137 возачи во регионот, кои возеле со брзина над дозволената, информира СВР Струмица.
„На 19.01.2021 година во времето од 09.00 до 16.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 171 прекршок, од кои 137 по акциската контрола и 34 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани“, стои во соопштението од СВР Струмица.
Струмица
Преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, се подобруват условите во училиштата во Струмица

Published
1 day agoon
January 20, 2021By
Media Press
Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, преку компонентата за реновирање на училиштата, во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, во тек се градежни активности за промена на подовите во училниците, со поставување на нов ПВЦ под.
Целта на овој проект е да се подобри меѓуетничката интеграција преку позитивни интеракции помеѓу етнички мешана младина на ниво на училиштата и на ниво на заедницата и подобрување на содржините по граѓанско образование, вештини и однесувања и пракси на волонтирање кај младите. Имплементатор на овој проект е Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, а како партнери се вклучени МОН, општините и училиштата во Република Македонија. Како стимул за училиштата да учествуваат во проектни активности за подобрување на меѓуетничката кохезија и развивање на демократските и граѓанските вредности помеѓу младите, проектот реновира училишта и ги подобрува условите за учење.
Со реновирањето е опфатен и објектот на подрачното основно училиште во населеното место Градско Балдовци, каде меѓу другото, за загревање на училниците, се поставени печки на пелети, со што се допринесува и за заштита од загадување на животната средина.
Општина Струмица, како долгогодишен партнер и учесник во проектите на УСАИД и МЦГО-Скопје, учествува со свои финансиски средства во износ од околу 300.000 денари, но и со секаква друга поддршка за успешна имплементација на проектните активности и подобрување на условите за учење и изведување на редовната воспитно-образовна работа во училиштето.
Струмица
Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Published
6 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.
,, Пожарот за неколку часа уништи стотици деловни простории, дуќани и тезги како и нивните основни и обртни средства. Штетите се во милиони евра. Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор , да донираат на веќе формираната наменска сметка за обнова и санација на трговскиот центар Глобал,“ рече Илија Митревски од Здружението обнова Глобал.
Тој додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за обнова на трговскиот центар, но и на сопствениците на продавници и тезги според проценката на штетата на стоката.
Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Државен Завод за статистика: Просечната ноемвриска нето плата била 27.588 денари

Џо Бајден го прекина процесот на излегување на САД од СЗО

Левица поднесе Претставка до Уставен суд
