Струмица
Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството
Published
3 години agoна
By
Media PressМинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на првиот Центар за работно – ориентирана рехабилитација за лица со попреченост во Струмица, чие отворање е поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP).
„Кога говориме дека сакаме да изградиме едно општество за сите, тоа значи дека градиме општество кое што создава услови и можности за сите граѓани, да се вклучат во личниот и општествениот развој на еднакви основи. Лицата со попреченост претставуваат дел од нашите семејства, дел од нашето општество“, истакна министерката Шахпаска.
Таа посочи дека носењето на социјалната реформа од страна на Министерството за труд и социјална политика и преку мерките предвидени со оваа реформа, се овозможува вистинска инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.
Како и дека отворањето на Центарот е вистински пример како општествената заедница на локално ниво прави децентрализација на локалните услуги и креира политики за овозможување на лицата со попреченост да бидат вклучени на пазарот на трудот.
Освен во Струмица, во рамките на оваа заедничка интервенција во делот на социјалната реформа и креирање нови социјални услуги, во државата е основан уште еден ваков Центар во рамки на Јавна установа за рехабилитација на лица со попреченост која испорачува услуги од ист тип за лицата со попреченост од скопскиот регион.
Поврзани содржини
Од 1 јануари недела ќе биде неработен ден
Министерката Шахпаска денеска беше во посета на Општина Валандово
На околу 6000 пензионери не им се оди во пензија иако наполниле 64 или 62 години
Шахпаска: Лицата со попреченост да бидат вклучени во општествениот живот на еднакви основи со останатите граѓани
Шахпаска: Буџетот за 2021 година е насочен кон грижата за најмладите, намалување на невработеноста и сиромаштијата
Министерката Шахпаска на панел дискусија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата
Струмица
Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово
Published
1 месец agoна
април 3, 2024By
Media PressВчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.
Струмица
Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали
Published
2 месеци agoна
март 27, 2024By
Media PressПриведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.
Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Струмица
Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило
Published
2 месеци agoна
март 22, 2024By
Media PressНа 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.