Connect with us

Радовиш

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш за прв пат не го одбележа 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост

Media Press

Published

on

Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Радовиш, денеска за прв пат не го одбележа 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост. Поради актуелната ситуација со корона вирусот дневниот центар денеска беше празен, а корисниците во работните активности се вклучуваат онлајн од своите домови.

Целта  на одбележување на овој ден секоја година е да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост за што раководителот на Порака од Радовиш Тања Костадинова, упати повторно апел до надлежните и до граѓаните, за поголема свест и одговорност.

Инаку дневниот центар Порака секоја година го одбележуваше одој ден со пригодна свеченост на која присуствуваа повеќе гости, нивни подржувачи и пријатели меѓу кои и градоначалникот на Општина Радовиш, советници,  извршниот директор на Ридникот Бучим Ноколајчо Николов, директори на други приватни компании, директори на јавни и обрзовни институции, професори и други гости.   Годинава овој дневен центар беше празен, без присуство на неговите корисници и без присуство на гости.

Радовиш

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Media Press

Published

on

Православните верници денеска го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици со свети литургии во црквите и нивните дворови. Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вода и скокање по него, за големиот празник Богојавление. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови.

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во присуство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови. Претходно во црковниот храм беше одржана света божествена литургија.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Continue Reading

Радовиш

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Media Press

Published

on

Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.

„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата,  создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.

Continue Reading

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Media Press

Published

on

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена  водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската  божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител  почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.  

Верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.  

Continue Reading