Connect with us

Радовиш

Протести на тутунарите од село Калуѓерица, радовишко, поради незадоволството од откупот на тутунот

Avatar

Published

на

Мирни протести на  тутунарите од село Калуѓерица, радовишко поради незадоволството од откупот на тутунот. Тие се незадоволни од одредувањето на класата и како што велат ако се цени на овој начин ќе им дојде  во просек по 150 денари за килограм тутун. За оваа цена тие нема да го продаваат своето тешко произведено производство.

Тутунопроизводителите велат дека за две класи подолу се цени квалитетот на тутунот, а има и одбитоци. И затоа апелираат до Здружението на тутунопроизводители да ги повлечат своите повереници, за да не може да се врши откуп. Тутунарите револтирани, велат дека ќе продолжат со протестите и во наредните денови и доколку не се слушне нивниот глас, ќе органзираат штрајк.

Како што најавија незадоволните тутунари ќе протестираат секој ден, се додека некој не ги слушне нивните барања, а испратија порака и до министерот за земјоделие, да каже по која цена ќе се откупи целиот тутун, како што најави од откупот во Прилеп.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе