Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш донесе одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование

Avatar

Published

на

Локалната самоуправа на Општина Радовиш донесе одлука за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование за учебната 2020-2021 година.

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2500 денари и се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици од основното образование:

VI одделение
1. Елена Арсова – ООУ Никола Карев
2. Борјан Тодоров – ООУ Никола Карев
3. Александар Петров – ООУ Никола Карев
4. Атанас Ципушев – ООУ Крсте П. Мисирков

VII оделение
1. Спасија Лукарова – ООУ Никола Карев
2. Ана Марија Ѓоргиева – ООУ Никола Карев
3. Елена Ѓоргичкова – ООУ Никола Карев
4. Елена Ефтимова – ООУ Крсте П. Мисирков

VIII одделение
1. Матеј Цветковски – ООУ Никола Карев
2. Марија Здравева – ООУ Крсте П. Мисирков
3. Катерина Крстева – ООУ Никола Карев
4. Драган Петрушев – ООУ Никола Карев

IX одделение
1. Добрилка Ѓоргиева – ООУ Крсте П. Мисирков
2. Пенка Трајкова – ООУ Крсте П. Мисирков
3. Елена Јованова – ООУ Крсте П. Мисирков
4. Давид Каранфилов

Висината на стипендијата за основното образование изнесува 3000 денари и се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици од средното образование:

СОУ Коста Сусинов, Радовиш

I-ва година
1. Константин Ѓозев (ООУ Крсте П. Мисирков)
2. Зорица Ристова (ООУ Никола Карев)
3. Кира Митева (ООУ Коста Рацин)

II-ра година
1. Ана Бибовска

III-та година
1. Марија Прастова

IV-та година
1. Стефан Ефтимов

Општина Радовиш доделува и стипендии по основ на социјален карактер во висина од 2500 денари за ученици од основното образование и 3000 денари за ученици од средното образование. Стипендијата се прима девет месеци колку што трае учебната година. Стипендии по основ на социјален карактер се за учебната 2020/2021 година се доделени на следните ученици:

1. Верица Поцева – СОУ Коста Сусинов
2. Давид Тренчев – ООУ Никола Карев
3. Викторија Спасова – СОУ Коста Сусинов
4. Кети Милева – СОУ Коста Сусинов
5. Столе Илиев – ООУ Коста Рацин

Општина Радовиш со секој корисник на стипендија ќе склучи посебен Договор. Одлуката влегува во сила на денот на донесувањето и истата може да ја погледнете на следниот линк.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе