Connect with us

Радовиш

Протести на тутунарите од село Калуѓерица, радовишко, поради незадоволството од откупот на тутунот

Media Press

Published

on

Мирни протести на  тутунарите од село Калуѓерица, радовишко поради незадоволството од откупот на тутунот. Тие се незадоволни од одредувањето на класата и како што велат ако се цени на овој начин ќе им дојде  во просек по 150 денари за килограм тутун. За оваа цена тие нема да го продаваат своето тешко произведено производство.

Тутунопроизводителите велат дека за две класи подолу се цени квалитетот на тутунот, а има и одбитоци. И затоа апелираат до Здружението на тутунопроизводители да ги повлечат своите повереници, за да не може да се врши откуп. Тутунарите револтирани, велат дека ќе продолжат со протестите и во наредните денови и доколку не се слушне нивниот глас, ќе органзираат штрајк.

Како што најавија незадоволните тутунари ќе протестираат секој ден, се додека некој не ги слушне нивните барања, а испратија порака и до министерот за земјоделие, да каже по која цена ќе се откупи целиот тутун, како што најави од откупот во Прилеп.

Радовиш

(Видео) Осветени водите во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш на денешниот голем празник Богојавление

Media Press

Published

on

Оваа година поради пандемијата со Ковид – 19 немаше организирање фрлање на светиот крст во вод и скокање по него, за големиот празник Богојавление – Водици. Но сепак водата беше осветена во сите црковни храмови..

Во црковниот храм Свети Пророк Илија во Радовиш беа целосно испочитувани препораките и мерките за заштита од Ковид – 19 и во прируство на мал број верници беше осветена водата, по што верниците си понесоа и во своите домови.

Богојавление се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Continue Reading

Радовиш

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Media Press

Published

on

Членови од АК Плоча од Радовиш викендот направија редовни зимски тренинзи на качување на натечен мраз кој се наога во близината на селото Патишка Река на 20 километри од Скопје на падините на Јакупица под Остри врв.

„Поради топлата зима и малите врнежи на снег условите единствено овој викенд на кој температурите паднаа под нулата,  создадоа мали услови за ваков вид на активност. На локалитетот спонтано се собравме 20 сетина алпинисти од повеќе градови и повеќе клубови кој вежбаа и го искусија ваквиот начин на качување, кои пред се уживаа во леденото задоволство“, вели Зоран Мајсторски од Алпинистички клуб „Плоча“ од Радовиш, кој често оди на вакви искачувања по мраз во зима.

Continue Reading

Радовиш

Денеска е Богојавленски водосвет, беше крстена водата во двата црковни храма во Радовиш

Media Press

Published

on

Денеска пред одбележувањето на големиот православен празник Богојавление или Водици беше крстена  водата во сите православни храмови односно денеска е  Богојавленски водосвет. Во црковните храмови Света Троица и Свети Пророк Илија во Радовиш беше одржана утринската  божествена литургија а потоа беше осветена водата.

Пред да ја започне Исус Христос својата евангелска мисија на земјата, светиот пророк Јован Крстител  почнал да проповеда и да го повикува народот да дојде да се очисти со светото крштевање во реката Јордан и подготвени да го дочекаат Исус Христос.  

Верниците кои што присуствува на утринската  божествена литургија  и на молитвата за осветување на водата, потоа си понесоа од осветената вода во своите домови за здравје, телесно и духовно спасение. Од осветената вода потоа верниците во своите домови можат да се напијат наутро на гладно и само на празник или во недела.  

Continue Reading