Регион
Изгореа помошни простории на „Оранжерии Хамзали“ во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Published
2 months agoon
By
Media Press
Изутринава во околу 8 часот се опожарени помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на селото Хамзали кај Струмица
Од ТППЕ Струмица известуваат дека во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, кои го изгаснале пожарот во 10:15 часот.
Причините за пожарот засега се непознати.
Поврзани содржини
Заев во посета на Струмица по пожарот во „Глобал”: Заедницата ќе покаже солидарност и со акција на дело сите ќе помогнеме Струмица да се врати во нормала
Јаневски: Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“
Екипа од ТППЕ од Радовиш интервенирала на предизвикан пожар на помошни објекти
Се запали стара куќа во с. Старо Коњарево
Силен пожар вчера попладне избувна во близина на населеното место Едрениково, Општина Василево
Изгоре автомобил „Опел“ во с. Банско
Македонија
Колку паушал земаат општинските советници

Published
2 weeks agoon
January 13, 2021By
Media Press
Според анализата на opendata.mk, висината на општинските советници ја чинат државата околу 3,5 милиони евра годишно. Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на локалната самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра.
Овие податоци се од анализата за 2019 година, од добиениените податоци од општините, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници. Вкупниот број на советници во сите 80 општини и Градот Скопје достигнува 1.319.
На ниво на државата, најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра одделува Градот Скопје. Следува Куманово со одделени околу 115 илјади евра месечни надоместоци. Понатаму во табелата се наоѓаат Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра од локалната самоуправа. Последни на листата со најниски трошоци за граѓаните се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со близу 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.
Општина Радовиш за своите 20 советници годишно одделува околу 3.5 милиони денари или околу 58000 евра од локалната самоуправа. Членовите на советот на општината земаат паушал од околу 14.500 денари додека претседателот на советот добива околу 20.000 денари.
Најмногубрен совет од регионот има Општина Струмица каде брои 23 членови воедно и тие имаат највисоки паушали од околу 17.000 денари и претседател на советот со околу 22.000 денари паушал на месечно ниво.
Најниски паушали од регионот има Општина Конче, каде советниците земаат по околу 9000 денари, а претседателот околу 11.500 денари паушал.
Македонија
Санкционирани 319 лица за неносење заштитна маска

Published
2 weeks agoon
January 12, 2021By
Media Press
Во текот на изминатото деноноќие (11/12.01.2021 година) на територијата на државата по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 319 прекршоци. Во Југоисточниот регион се забележани само 12 прекршоци, што значи дека граѓаните се навикнаа да носат маски.
Но и покрај намалениот број на прекршоци во споредба од пред неколку дена, кога беа регистрирани и по 700 до 800 прекршоци за едно деноноќие Министерството за внатрешни работи, сепак апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра во денарска противредност.
Регион
Акциска контрола на СВР Струмица за возење под дејство на алкохол

Published
3 weeks agoon
January 4, 2021By
Media Press
Вчера во периодот од 12.00 до 20.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акциската контрола биле констирани 13 прекршоци, од кои еден по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.
Во истиот временски период била спроведена и акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што се констатирани 62 прекршови, од кои 50 по акциската контрола и 12 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Претседателот Пендаровски, го потпиша Указот за прогласување на Законот за попис на населението

Левица: Груби глуми биро за вработување – освен што е во министерство со 1460 вработени, сега ќе ги згрижува и „рамковните“

Среда е неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“
