Connect with us

Македонија

Министерот Спасовски од денеска се врати на работа

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се излекува од коронавирусот, од денеска се врати на работното место. Тој на својот ФБ профил се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника, но и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, напиша Спасовски.

Спасовски додава дека за денеска закажал Управувачки комитет во 14 часот за да го разгледаат Акцискиот План којшто го подготви Главниот штаб, а во којшто ќе бидат наведени сите активности коишто ќе бидат преземени.

Македонија

Владата ќе дели средства за сончеви колектори, печки на пелети, пвц прозорци и фотонапонски панели

Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за економија, на последната седница на Владата беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Според истата, предвидено е средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 52.000.000,00 денари да се користат за следните мерки:
1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари;
2. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања; 
3. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;
4. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
5. надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;
6. надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
7. надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.


Корисници на оваа програма во категоријата на  лица со ниски примања се:
а) лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.
б) лицата со ниски примања  кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000,00 денари;
в) ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.
Надоместокот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од Буџетот на РС Македонија за наведените мерки во дел II од оваа програма, информираат од владината прес служба..

Continue Reading

Македонија

За 66% намален бројот на туристи во ноември 2020 во однос на ноември 2019 година

Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2020 година изнесува 21 516, а бројот на ноќевањата изнесува 48 182.

Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 %.

Бројот на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 24.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 87.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 34.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84.0 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.7 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.

Continue Reading

Македонија

190 нови случаи на Ковид -19 од 1530 тестирања, 6 починати лица

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 1530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 71-Куманово 19-Тетово 6-Прилеп 12-Гостивар 3-Штип 6-Битола 1-Велес 6-Охрид 5-Струмица 6-Кавадарци 8-Струга 11-Кочани 1-Кичево 8-Гевгелија 4-Неготино 8-Дебар 3-Ресен 7-Делчево 2-Радовиш 1-Пробиштип 2.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти од:-Скопје 1356-Куманово 51-Тетово 115-Прилеп 11-Гостивар 71-Штип 21-Битола 33-Велес 33-Охрид 81-Струмица 27-Кавадарци 41-Струга 33-Кочани 8-Кичево 22-Свети Николе 8-Гевгелија 10-Дебар 10-Крива Паланка 7-Ресен 14-Радовиш 2-Берово 1-Делчево 17-Виница 10-Пробиштип 2-Валандово 1-Демир Хисар 6-Македонски Брод 2-Богданци 2-Крушево 1-Македонска Каменица 11-Демир Капија 1-Дојран 1.

Досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635.


Continue Reading