Македонија
Шахпаска: Лицата со попреченост да бидат вклучени во општествениот живот на еднакви основи со останатите граѓани
Објавено на
Од
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска оствари средба со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп .
На средбата соговорниците разговараа за потребите на лицата со попреченост, пристапот до помош, поддршка, лична асистенција во нивните домови, како и овозможување на еднакви основи, со останатите граѓани бидат вклучени во општествениот живот . Притоа, се разговараше и за новиот Закон, кој Министерството за труд и социјална политика сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, Националниот Регистар на лицата со попреченост и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот, информираат од ресорното Министерство.
„Разговаравме и за додатоците односно паричните права на лицата со попреченост, во делот на посебниот додаток на младите лица до 26 години, личната асистенција како начин на нивно вклучување во општеството и можноста за поголем опфат на овие лица и како заеднички да ги движиме работите во вистинска насока,“ изјави Шахпаска.
Таа посочи дека изминатиот период заеднички се покренати и прашањата за имплементација на Конвенцијата за лицата со попреченост во членот 29 , за нивната политичка вклученост, во процесите на избирање, да бидат бирани и да имаат пристапност до гласачките места, процеси кои се прилично придвижени.
„15 отсто од општата попоулација ја сочнуваат лицата со попреченост, таа бројка во нашата држава е е околу 300.000 граѓани. Како одговорни носители на политики, продолжуваме да правиме се за нив, но не без нив,“ порача министерката Шахпаска.
Од страна на претставниците на Полио Плус, беше посочено дека заедничката соработка со Министерството за труд и социјалана политика продолжува и понатаму особено во делот на експертиза од нивна страна, со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.
Поврзани содржини

Од 1 јануари недела ќе биде неработен ден

Министерката Шахпаска денеска беше во посета на Општина Валандово

На околу 6000 пензионери не им се оди во пензија иако наполниле 64 или 62 години

Шахпаска: Отворањето на РЕХА Центарот во Струмица е пример за вистинска инклузија на лицата со попреченост на пазарот на трудот и општеството

Од идната година се спушта возрасната граница за достапноста на услугата лична асистенција од 18 на шест години

Шахпаска: Буџетот за 2021 година е насочен кон грижата за најмладите, намалување на невработеноста и сиромаштијата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

