Connect with us

Македонија

Маричиќ: Филтрацијата на судството и обвинителството за поголема доверба на граѓаните во правосудниот систем

Media Press

Published

on

Министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на конференцијата „Премостување на јазовите помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“, која се одржа во организација на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, кажа дека судството во земјата ќе биде филтрирано, меѓу другото и со цел да се зголеми довербата која ја имаат граѓаните во правосудниот систем.

„Процесот на филтрирање на судството и обвинителството, меѓу останатото, треба да нѝ покаже дали имаме сериозен проблем со неформалниот кодекс на однесување. Овој процес веќе го најавивме и очекуваме набрзо да ја објавиме методологијата по која сметаме дека треба да се спроведе. Секако овој процес ќе го води Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители. Целта е да се зголеми довербата во правосудниот систем преку одвојување на судиите и обвинителите кои совесно и одговорно си вршат работата, од оние кои тоа не го прават“ – истакна Маричиќ.

Според министерот улогата на Министерството за правда и Владата не е да пресудува, да суди и да се меша во конкретни судски случаи, тука да учествува во изградбата на систем на правдата, којшто ќе испорачува, ќе биде ефикасен, одговорен и транспарентен, а филтрирањето е само еден од чекорите во остварувањето на таа цел.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Продолжен рокот за аплцирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови

Media Press

Published

on

Министерството за економија донесе одлука за една недела да го продолжи рокот за аплицирање за јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи како и за поврат на туристичка такса, кои се дел од Четвртиот сет мерки на Владата за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија кажа дека оваа одлука е донесена со цел да се излезе во пресрет на туристичкиот сектор и овие средства да бидат целосно искористени.

„Бидејќи во текот на минатата недела откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови утврдивме дека доцнат уверенија од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои што ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за рестрани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има, врз  тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки и има доволно пари за сите“ кажа министерот Бектеши.

На почетокот на минатата недела, како што кажа Бектеши, Министерството за економија објави пет јавни повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, грантови за туристички агенции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, грантови за игротеки, грантови за лиценцирани туристички водичи за што се предвидени средства во износ од 7,5 милиони евра, а аплицирањето е електронски преку платформата „Дома си е дома“.

Министерот додаде дека со следната година во предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичката понуда на земјата со цел повтрно да се привлечат странските туристи и да ја посетат Македонија после пандемијата, се наведува во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Министерот Спасовски од денеска се врати на работа

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се излекува од коронавирусот, од денеска се врати на работното место. Тој на својот ФБ профил се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника, но и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, напиша Спасовски.

Спасовски додава дека за денеска закажал Управувачки комитет во 14 часот за да го разгледаат Акцискиот План којшто го подготви Главниот штаб, а во којшто ќе бидат наведени сите активности коишто ќе бидат преземени.

Continue Reading

Македонија

За само два дена 2300 нови случаи на Ковид-19, а починати 49 лица, граѓаните загрижени

Media Press

Published

on

Ако на почетокот на појавата на корона вирусот граѓаните ги фаќаше паника кога министерот за здравство Венко Филипче најавуваше, дека влегуваме во втората ваза од епидемијата и дека според прогнозите пикот на болеста ќе биде крајот на април, кога се очекуваат вкупно до 2000 пацинети, во овој период се регистрирани 2300 пацинети само за два дена. Болничките капацитети се полни, здравствените работници изморени, па одтука се поставува прашањето дали болеста излегува од контрола и дали 30-ет дневната кризна состојба во државата, ќе донесе резултати.

Граѓаните речиси сите со заштитна маска на лицето се повеќе исплашени и испаничени.

Инаку во последните 24 часа се регистрирани 1112 нови случаи на ковид-19. Во југоистокот најмногу во Струмица 35, во Гевгелија 19 во Радовиш 6 и Валандово 12.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Најстариот пацинет кој починал бил 89 години а најмладиот 40.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од кои во Гевгелија 6 -Струмица 14 -Радовиш 6 и Валандово 3.

Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Continue Reading