Connect with us

Македонија

Кризната состојба ќе овозможи менаџирање со сите капацитети на државата во здравствените установи, како во државните, но и во приватните

Media Press

Published

on

Претседателот на Владата, Зоран Заев по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност, во изјава за медиумите ги потврди заложбите и посветеноста на Владата, во справување со здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, поради кои најави прогласување на кризна состојба.

Како што истакна тој, со воведување на кризна состојба на целата територија на државата, се добиваат поголеми надлежности за управување со сите капацитети во државата. Кризата и бројот на заболени ја наметнаа потребата за менаџирање на институционалните и човечките капацитети во здравствените установи, како во државните, но и во приватните.

„Потврдувам дека слободни капацитети има, а дополнително се ослободуваат и нови. Граѓаните треба да знаат дека државата е подготвена, навремено ги користиме и сите законски можности кои ни се на располагање, како што е и воведување на кризната состојба“, рече премиерот Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на воведување на полициски час и економските ефекти од таа одлука, премиерот Заев подвлече дека тоа ќе зависи единствено од препораките на Комисијата за заразни болести и од проценките на Кризниот штаб.

„Не  постои поважна работа од здравствениот аспект на кризата. Полициски час во овој момент не се предлага затоа што најверојатно експертите не гледаат дека тоа ќе даде дополнителни резултати. Денес, знаеме многу повеќе за коронавирусот од тоа што го знаевме на почетокот во февруари и март. Економската состојба е стабилна, октомври месец го завршивме со 2,5% поголеми приходи споредено со октомври 2019 година. Економските оператори работат, системот функционира. Немаме стравови за економски последици. Ако се предложи дека треба да има полициски час, Владата ќе постапи по таа одлука. Важно е да се знае дека Владата нема калкулации, за ефектот врз економијата. Прво, тоа не е ни блиску важно колку што е важно здравјето на граѓаните, а второ и за време на полициски час фирмите, операторите работат, има протоколи за работа, што значи ефектот би бил минорен врз економијата“, заклучи премиерот Заев. 

Македонија

Донација на 13.500 брзи тестови од НАТО сојузникот Норвешка

Media Press

Published

on

Тринаесет илјади и петстотини брзи тестови за КОВИД – 19 е донацијата од Кралството Норвешка која денеска, во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот одбранбен аташе потполковникот Егил Далтвејт, беше предадена во Военомедицинскиот центар на Армијата на Република Северна Македонија.

На настанот, министерката Шекеринска истакна дека по членството Алијансата, ние не сме сами, а оваа донација е уште една потврда за тоа.

„Во период од само две–три недели по пристигнувањето на важната НАТО поддршка во форма на 60 мобилни респиратори и дополнителна опрема, денеска добиваме значајна донација од еден од нашите постојани поддржувачи, а сега сојузник во НАТО Алијансата, а тоа е Кралството Норвешка“, рече министерката.

Шекеринска порача дека од 13.500-те брзи тестови за КОВИД – 19, главниот дел ќе биде наменет на поддршка на сите наши граѓани, а 3.500 ќе бидат искористени за тестирање на војниците и офицерите пред сите поголеми операции, за нивна и заедничка поголема безбедност.

„Сите кандидати кои што учествуваат на курсот за подофицери кој што се организира во Армијата, уште во недела ќе бидат тестирани пред да заминат на учество на овој курс. Истото правило ќе го почитуваме и при упатување во мисија, истото правило ќе го почитуваме и при организирање на поголеми вежбовни активности. Со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на припадниците на Армијата и ќе го намалиме замавот кој што го има корона кризата врз целата држава, но и кај нас“, рече министерката.

Continue Reading

Македонија

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки – Граѓаните може да се информираат за секоја мерка на бесплатниот телефонски број

Media Press

Published

on

На иницијатива на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија.

Покрај контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот на веб страницата koronavirus.gov.mk.

Continue Reading

Македонија

Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”

Media Press

Published

on

„Македонскиот идентитет е резултат на еден историски процес и едноставно ние како политика не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме“, рече во интирвјуто за  регионалната телевизиска мрежа Н1 Сараево, замник претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.  

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”, вели Димитров.

Continue Reading