Connect with us

Македонија

ИРЛ: Пандемски профитерски поход. Здравје за богатите, смрт и трауми за сиромашните

Media Press

Published

on

Податоците кои ги обработи ИРЛ (Истражувачка репортерска лабораторија) покажуваат дека многу брзо расте бројот на новозаболени од Ковид 19, додека бројот на оздравени не се зголемува доволно брзо за да се ослободат доволно кревети за новите пациенти кои треба да бидат хоспитализирани. Бројот на мртви во сегашниот бран во споредба со првиот пролетен бран кога имаше построги мерки е до пет пати повисок.

Трошоците за еден болен за Ковид терапија се 35 пати повисоки од пресметаните трошоци за здравје предвидени за месец октомври во синдикалната потрошувачката кошница. Повеќе од една третина од граѓаните треба да ја дадат речиси целата своја плата за Ковид терапија и еден контролен негативен тест без којшто во приватниот сектор не можете да се вратите на работното место.  Приватните болници не ги примаат итните случаи без итен тест од 12.000 денари.

„Новинарите на ИРЛ направија повеќе до 20 интервјуа со матични лекари со цел да ја идентификуваат просечната ковид терапија, а истата ја споредивме и со протоколот на Министерството за здравство. Ги земавме пониските цени во понудената палета на витамини и други лекови. Пресметката е само за лекувањето, но не и за следењето и дијагностиката, кои потоа чинат многу. Исто е и со контролниот тест без којшто вработените во приваниот сектор не можат да се вратат на работа, а истите повеќе не се покриени од Фоднот за здравство. Матичните лекари со кои што разговараше ИРЛ велат дека терапијата е скапа и најголемиот дел не може да се покрие со здравственото осигурување. Не е вклучена и неопходната здрава исхрана, ниту постковидната витаминска и имунолошка терапија“, стои во истражувањето на ИРЛ.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Продолжен рокот за аплцирање за грантови за туристичките агенции, ресторани за свадба, игротеки и ноќни клубови

Media Press

Published

on

Министерството за економија донесе одлука за една недела да го продолжи рокот за аплицирање за јавните повици за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи како и за поврат на туристичка такса, кои се дел од Четвртиот сет мерки на Владата за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Министерот за економија Крешник Бектеши во дебатната емисија „И што сега“ на Националната телевизија кажа дека оваа одлука е донесена со цел да се излезе во пресрет на туристичкиот сектор и овие средства да бидат целосно искористени.

„Бидејќи во текот на минатата недела откако беа објавени јавните повици за мерките за грантови утврдивме дека доцнат уверенија од Управата за јавни приходи, денеска донесовме одлука рокот за аплицирање да го продолжиме за една недела за да може да аплицираат сите кои што ги исполнуваат условите. Целта на овие мерки е да бидат искористени од оние за кои се наменети. Затоа испланиравме толку средства, знаеме колку лиценци има за рестрани за свадба, колку пари се исплатени за туристичка такса и колку трустички водичи има, врз  тие податоци ние ги програмиравме средствата за овие мерки и има доволно пари за сите“ кажа министерот Бектеши.

На почетокот на минатата недела, како што кажа Бектеши, Министерството за економија објави пет јавни повици за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, грантови за туристички агенции, грантови за категоризирани ресторани за свадби, грантови за игротеки, грантови за лиценцирани туристички водичи за што се предвидени средства во износ од 7,5 милиони евра, а аплицирањето е електронски преку платформата „Дома си е дома“.

Министерот додаде дека со следната година во предлог-буџетот на Министерството за економија се предвидени 250.000 евра за дигитална промоција на туристичката понуда на земјата со цел повтрно да се привлечат странските туристи и да ја посетат Македонија после пандемијата, се наведува во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Министерот Спасовски од денеска се врати на работа

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се излекува од коронавирусот, од денеска се врати на работното место. Тој на својот ФБ профил се заблагодари до сите вработени на Инфективната клиника, но и апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, напиша Спасовски.

Спасовски додава дека за денеска закажал Управувачки комитет во 14 часот за да го разгледаат Акцискиот План којшто го подготви Главниот штаб, а во којшто ќе бидат наведени сите активности коишто ќе бидат преземени.

Continue Reading

Македонија

За само два дена 2300 нови случаи на Ковид-19, а починати 49 лица, граѓаните загрижени

Media Press

Published

on

Ако на почетокот на појавата на корона вирусот граѓаните ги фаќаше паника кога министерот за здравство Венко Филипче најавуваше, дека влегуваме во втората ваза од епидемијата и дека според прогнозите пикот на болеста ќе биде крајот на април, кога се очекуваат вкупно до 2000 пацинети, во овој период се регистрирани 2300 пацинети само за два дена. Болничките капацитети се полни, здравствените работници изморени, па одтука се поставува прашањето дали болеста излегува од контрола и дали 30-ет дневната кризна состојба во државата, ќе донесе резултати.

Граѓаните речиси сите со заштитна маска на лицето се повеќе исплашени и испаничени.

Инаку во последните 24 часа се регистрирани 1112 нови случаи на ковид-19. Во југоистокот најмногу во Струмица 35, во Гевгелија 19 во Радовиш 6 и Валандово 12.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Најстариот пацинет кој починал бил 89 години а најмладиот 40.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од кои во Гевгелија 6 -Струмица 14 -Радовиш 6 и Валандово 3.

Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Continue Reading