Connect with us

Македонија

Филипче: Овозможивме брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време

Avatar

Published

на

Со измените на Законот за здравствено осигурување (ЗЗО) освен што ќе се воспостави систем на дупла контрола на издадени лекови, исто ќе има и онлајн комуникација меѓу оној што ги издава лековите и оној што ги плаќа, образложи министерот за здравство Венко Филипче, на собраниската комисија за здравство, каде на дневен ред беа измани на законот. Процесот се одвиваше во повеќе фази, а започна со проширување на квотите за лекови, со што се надмина проблемот со недостатокот на лекови за пациентите, рече Филипче, пред пратениците во Комисијата.

Со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиниот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек.

„Овозможивме брз и ефикасен пристап на пациентите до терапија во секое време. Електронскиот рецепт се воведe сега за време на кризата кога практично се олесни патот на пациентите да стигнат до посакуваниот лек и сето тоа како надополнување на еден процес којшто започна претходно во смисла на олеснет пристап до лекови,а тоа беше укинување на квотите во аптеките. Со уредбата со законска сила веќе е елиминирана и потребата за хартиниот рецепт односно, сега преку порталот може да се најави пациентот во аптеката и без хартиен рецепт да го подигне посакуваниот лек“, вели Филипче.

Министерот додава дека она што сега се предлага е вистински финансиски документ кој е потребен на Фондот од страна на аптеките за да стигне во форма на фактура и практично да имаат финансиски документ директно од тие коишто ги издаваат лековите, затоа што треба да го платат трошокот на ФЗО за лекови кој во текот на годината изнесува близу 50 милиони евра.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Македонија

Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Avatar

Published

на

 Во интерес на објективно информирање, Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека не сега, туку пред повеќе од една година, на 13.02.2023 година, ја напуштиле коалицијата предводена од СДСМ.

„Причините за напуштање на коалицијата беа неисполнување на коалицискиот договор и погрешните политики на СДСМ, пред сѐ блокадата на измените на Изборниот законик со кој предлагавме Македонија да биде една изборна единица, противењето на реформи во правосудниот систем, високата криминализација и отсуството на борба против високата корупција, непринципиелната коалиција при реконструкцијата на владата и неводењето сметка за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници во власта, како и блокадата на евроинтеграциските процеси со прифаќање на Преговарачката рамка без поширок граѓански и политички консензуз“ велат од Пертијата.

Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се: темелни уставни реформи со донесување на нов Устав (без Бадентер и Балансер), реформи во судскиот систем и реизбор на судиите и обвинителите, изградба на ефикасен систем за борба против корупцијата и формирање Агенција за борба против тешките облици на криминал, вклучување на младите во власта (најмалку 30% во советите на општините и парламентот) и посебни предуслови за отворање на бизнис, реформи на администрацијата (укинување на 50% од министерствата, агенциите, регулаторните тела итн.), намалување на бројот на пратениците на 90, но и Македонија да биде една изборна единица, како круцијален предуслов за демократизација и промена на власта, најавува ДС.

„Во оваа насока се и нашите цврсти партиски определби за полноправно членство во ЕУ, продолжување на реформите во одбраната како членка на НАТО и водење надворешна политика согласно нашите стратешки цели и интереси усогласена со политиките на ЕУ и стратешките партнери, пред сѐ на САД.

Демократскиот сојуз како автентична политичка партија, препознатлива по своите политички ставови и определби е подготвена за парламентарните избори.

До крајот на оваа недела јавноста ќе биде информирана за тоа како и со кои партии ќе настапиме на изборите, но во интерес на државата и граѓаните е да се формира широк промакедонски опозиционен блок, преку кој граѓаните ќе ги поразат погубните и анационални политики на ДУИ и СДСМ“, стои во партиското известување.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗ со посебен фокус на превенција и спречување на туберкулозата во земјава, во 2023 се регистрирани 160 новозаболени

Avatar

Published

на

„Министерство за здравство посебен фокус посветува на превенција и спречување на туберкулозата во земјава. Секоја година се изготвува Програма во која се содржани превентивни мерки и активности за спречување на туберкулозата во земјава. Како специјалист-инфектолог, но и како министер за здравство свесен за важноста на борбата против туберкулозата верувам ќе придонесеме во создавање услови да бидеме дел од генерацијата која ќе го испише последното поглавје на туберкулозата“, посочи министерот за здравство д-р Илир Демири.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, д-р Сеад Зејнел информираше дека нашата држава во последните 15 години има континуиран пад на бројот на новозаболени со туберкулоза, така на пример во 2019 година биле откриени 199 нови случаи, а во 2023 се регистрирани 160 новозаболени.

„Сепак, вкупниот број нови случаи за 2023 е благо поголем од трите години на пандемијата со ковид (2020 до 2022 година), што значи дека јазот меѓу пријавените случаи и реалната бројка се стеснува, а тоа е и основна цел на нашите напори во борбата против туберкулозата“, вели д-р Сеад Зејнел.

Прочитај повеќе