Connect with us

Економија

Започна аплицирањето за студентски стипендии и средства за поврат на купен музички инструмент за академската 2020/2021 година

Avatar

Published

на

Министерството за образование и наука информира дека во тек е аплицирањето за стекнување на правото на студентска стипендија во академската 2020/2021 година. Конкурсот наменет за студенти запишани на додипломски студии на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија и посебен конкурс за студенти Роми, се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок за поднесување на документите е 30.11.2020 година.

Потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат конкурсните услови,  можат да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават или хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk. Кандидатите кои ќе аплицираат електронски, немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – студентите кои поради било каква причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии.

Дополнително, покрај конкурсите за доделување студентски стипендии, информираме и дека во тек е Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за академската 2020/2021 година, со кој на 25 студенти, запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството за образование и наука ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент. Аплицирањето е идентично како и кај студентските стипендии (потенцијалните кандидати одбираат или електронска или хартиена достава на документите) и трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.

Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во државата, во интерес на заштита на личното здравје, а со тоа и заштита на јавното здравје, Министерството за образование и наука упатува апел до студентите, доколку се во можност да го искористат електронскиот начин на поднесување на апликацијата, кој е безбеден, но и поедноставен во однос на доставата на документите во хартиена форма во просториите на МОН.

Упатството за електронско аплицирање е објавено на следниот линк.

За какви било прашања поврзани со аплицирањето за остварување на правото на стипендија, односно финансиска поддршка за купување музички инструмент, Министерството за образование и наука им стои на располагање на учениците. Контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е contact@mon.gov.mk.   

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе