Connect with us

Економија

Буџетот пократок за 3.3 милиони евра, јавните претпријатија не ги уплатиле средствата наплатени од граѓаните за услуги

Avatar

Published

на

Државниот завод за ревизија направи преглед на спроведувањето на дадените препораки содржани во Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на успешност од 2019 година, на тема „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“.

Заклучокот од извршената ревизија е дека од страна на субјектите не се преземени активности и мерки за спроведување на препораките, за што постои потреба од преземање активности во наредниот период за спроведување на истите.

Ревизорите утврдија дека:

  • од 19 препораки дадени на субјектите на централно ниво (Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за финансии и Државен инспекторат за животна средина), само 1 препорака е спроведена, 2 препораки се делумно спроведени, а 9 препораки не се спроведени. Во тек е спроведувањето на 7 препораки;
  • ­­­­од 11 препораки дадени на субјектите на локално ниво (општини и јавни претпријатија), 4 препораки се делумно спроведени, 2 препораки не се спроведени и 5 препораки се во тек на спроведување.

Нецелосното спроведувањето на дадените препораки дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор предизвикува помалку уплатени средства во Буџетот на РСМ во износ од најмалку 204.7 милиони денари односно 3,3 милиони евра.

Јавните претпријатија имаат искажани обврски за пресметани, а неуплатени надоместоци за водно право во износ од најмалку 426.4 милиони денари или изразено во евра повеќе од 6,9 милиони евра, што претставува потенцијален приход за Буџетот на РСМ.

Според Извештајот од Министерството за финансии, доставен по барање од Владата на РСМ, заклучно со март 2019 година пријавените обврски на 60 општини кон јавните претпријатија кои вршат водни услуги изнесуваат 348.3 милиони денари или изразено во евра над 5,6 милиони евра. 

Испорачаната вода од страна на јавните претпријатија за потребите на општините, за наводнување зеленило и паркови, фонтани, перење улици и слично не се мери и не се фактурира согласно реалниот потрошок во м3, а најчесто се фактурира паушален износ согласно годишните програми.

Економија

Се зголемуваат цените на горивата од ноќеска на полноќ

Avatar

Published

на

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,979 ден/кг и сега ќе изнесува 44,776 ден/кг.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Спред тоа, од 26.3.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 95 – 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС 98 – 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС- 44,776 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Економија

По зголемувањето од 78% повторно зголемување на платите на функционерите од 300 до 500 евра

Avatar

Published

на

Ново покачување на функционерските плати. Ова зголемување ќе биде во зависност од позицијата а се работи за средства од 300 до 500 евра.

Со новото зголемување, претседателот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума ќе има и премиерот, додека пратениците над 2 илјади евра.

Зголемување  на функционерските плати ќе има редовно секоја година бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците, односно на вкупно 1.060 функционери.

Додека повеќето граѓани земаат минимална плата од околу 400 евра функционерите земаат пет пати повисока плата од обичниот работник, а цените во трговските и во услужните дејности се за сите исти. Затоа постои незадоволство кај граѓаните, кое го изразуваат само во меѓусебни разговори и во коментари на социјалните мрежи. Младите таквиот револт го изразуваат со иселување во странство, во потрага по подобар живот.

Прочитај повеќе

Економија

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Avatar

Published

на

ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според тоа, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82 денара. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Прочитај повеќе