Connect with us

Македонија

Од полноќ поскапување на цените на горивата до 1.5 денари

Media Press

Published

on

Регулаторна комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11%.

Од таму известуваат дека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 денар за литар и по зголемувањето ќе се продава за 61,50 денари за литат. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечерва ќе се продава за 1,50 денари за литар поскапо односно новата цена за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 60,00 денари за литар, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51,00 денари за литар и зголемената цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС исто така се зголемува за 1,384 денари за килограм и ќе се продава по 27,580 денари за килограм.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 54,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 57,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 47,00 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 19,498 (денари/килограм)

Македонија

Владата го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија за Бугарија

Media Press

Published

on

Владата на редовната 25-та седница го именуваше поранешниот премиер Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија за Бугарија. Именувањето е на една година со цел да се заокружи со успех Процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство, информира денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Дополнително, одговарајќи на прашањето за критериумите врз основа на кој е именуван Бучковски, портпаролот Арсовски додаде дека тој е одличен познавач на македонско-бугарските односи, почитуван од бугарските општествени и политички чинители. Има добри контакти со Бугарија и добро е примен од нивната јавност.

„Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрувањето на односите со соседска Бугарија и треба да придонесе кон создавање на позитивна атмосфера за да се надмине проблемот со Бугарија“, рече Арсовски.
Во однос на прашањето за тоа што точно се разговара со Бугарија и што содржи Патоказ за спроведување на Договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, ставот на Владата, кој беше повторен денеска е дека, Владата смета дека споменуваниот план треба да се однесува на динамиката на спроведување на билатералниот договор, надвор од преговарачката рамка.
„Се разговара за сите загрижености и дилеми, кои Бугарија ги изнесува во јавност, за начинот и динамиката на спроведувањето на Договорот од 2017 година, како да се забрза изградбата на Коридорот 8, како да запре говорот на омраза,  за начинот на кој ќе се забрза работата на Историската мешовита комисија, во насока на воспоставување на доверба во процесот. Договорот е сериозен документ и нема потреба од нов Договор и Анекс. Потребно е само да се дообјасни и детализира во некој придружен документ и во таа насока е Патоказот. Тоа е една идеја, која е во насока на зајакнување на довербата за ефикасноста и функционалноста на Договорот меѓу Северна Македонија и Бугарија“, беше речено на прес-конференцијата.

Continue Reading

Македонија

Предлог до собранието за продолжувањето на кризната состојба

Media Press

Published

on

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Со оваа предлог-одлука се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Continue Reading

Македонија

Започнува исплата на правата од социјална и детска заштита

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре, 3 декември  2020 година (четврток) започнува исплатата на  Гарантираната минимална помош- ГМП, за месец ноември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  3 декември  (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
–  4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

 Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 3 декември   2020 година.

Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата на ден 4 декември (петок), за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка. Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права:

•  Детски додаток
• Посебен додаток 
• ЕПП за новороденче
• Родителски додаток за трето дете
• Родителски додаток за четврто дете
• Додаток за образование
•Надоместок за помош и нега од друго лице 
• Еднократна парична помош
•Надоместок заради попреченост
• Цивилна инвалиднина
• Социјално домување
• Социјална сигурност за стари лица-социјална пензија
• Азиланти домување
• Парична помош за згрижувач
• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–    7 декември  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
–    9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Continue Reading