Connect with us

Македонија

Заев: Со странски инвестиции во дел од државните претпријатија наместо неефикасни ресурси, капацитети во функција на развојот

Media Press

Published

на

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, професори и експерти во дебатата за Предлог-буџетот за 2021 година на Националниот јавен сервис, истакна дека има интерес за продавање на дел од државните компании, како и на ресурсите во кои таа е доминантен сопственик и тоа е објавено и пред појавата на економско-здравствената криза, а се работи за „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“, „Тутунскиот комбинат“ – Прилеп и други ресурси, како што е Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси.


„Очекуваме да се зголемат перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал, тоа може да биде до 100 % откупување, може да биде јавно-приватно партнерство, државата да задржи еден дел, а под концесија да се даде друг дел и слично. Станува збор за неефикасни ресурси во рацете државата и тие треба се стават во функција на нови приливи во Буџетот. За „Македонски пошти“ веќе има заинтересираност од повеќе европски земји“, рече премиерот Заев, осврнувајќи се на плановите за ревитализација на ресурсите кои не се докрај искористени, а со кои ќе се обезбеди дополнителни средства за економско заздравување.

Македонија

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни

Media Press

Published

на

Главниот координативен кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

Комисијата предлага од среда да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Од Министерството за здравство велат дека епидемиолошката состојба со Ковид-19  е стабилна и дозоволува олабавување на мерките.

Прочитај повеќе

Македонија

Од денеска од 12 часот почнува запишувањето во средните училишта

Media Press

Published

на

Запишувањето во прва година средно образование во учебната 2021/2022 година почнува денеска од 12 часот и ќе трае во наредните три дена.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, во јавните средни училишта слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта.

Во СОУ Коста Сусинов во Радови предвидено да се запишат 300 ученици кои ќе бидат распределени во 9 паралелки.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши согласно распореди подготвени од училиштата. Во јунскиот уписен рок има три пријавувања и запишувања – првото е на 14 јуни од 12 до 19 часот, на 15 и 16 јуни училиштата ќе примаат пријави од 7 до 19 часот и на 17 јуни – од 7 до 15 часот.

Прочитај повеќе

Македонија

Завршува учебната година, денеска е последниот училишен ден

Media Press

Published

на

Завршува учебната година. За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година.

Во двете полугодија образовниот процес беше организиран по комбиниран модел – мнозинството ученици следеа настава на далечина, а на часови со физичко присуство беа најмалите до трето одделение и од повисоки одделенија во помали училишта – подрачни и во рурални средини.

МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести и Министерството за здравство, ќе утврдува како ќе се реализира наставата во новата учебна година, што ќе зависи од состојбата со коронавирусот во земјава. Министерката Мила Царовска вчера изјави дека е во постојана комуникација со премиерот и министерот за здравство во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата.

За учениците кои завршуваат основно образование, од понеделник (14 јуни) претстои пријавување за упис во средните училишта.

Вкупно според конкурсот во СОУ Коста Сусинов во Радовиш  ќе можат да се запишат околу 300 ученици во прва година, кои ќе бидат распоредени во девет паралелки.

Средното училиште  во Радовиш годинава нуди три нови  струки од кои едната е дуална паралелка во која учениците своето теоретски знаење,  ќе можат да го надополнат со посетување на пракса во компанија во случајот во Радовиш во рудниците Боров Дол и Бучим. Учениците од оваа паралелка ќе добиваат и месечна стипендија од министерството за образование од 3.500 денари месечно.

Матурантите, пак, утре ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија или естетика. Првиот, задолжителен испит по мајчин јазик (македонски/албански/турски јазик и литература) го полагаа во саботата.

Прочитај повеќе