Connect with us

Радовиш

Центар за култура ,,Ацо Караманов” Радовиш- обоен во плаво во знак на борба со дијабетесот!

Media Press

Published

на

Центар за култура ,,Ацо Караманов” во Радовиш вечерва е обоен во плаво во знак на борба со дијабетесот!

„Радовиш со поддршка на Дијабетичарите. Домот на културата обоен во плаво.Благодарност до Градоначалникот г-дин Герасим Конзулов и Директорката на Домот на културата г-ѓа Izabela Angelova“, напиша на социјалните мрежи претседателот на здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче Тони Митев, кој ја најави оваа активност на здружението по повод 14 ноември Светскиот ден на дијбетесот.

„ По повод „Светски ден на лицата со дијабетис“ зградата на Центарот за култура е осветлена во сино со цел подигнување на свеста на граѓаните за превенција од оваа болест. Сината е боја на небото и на знамето на Обединетите Нации и ги претставува сите земји обединети во борбата против дијабетисот“ објави градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, на својот ФБ профил.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Околу 60 велосипедисти беа дел од велосипедската трка во планинско возење на манастирот Свети Ѓеорги во Ораовца

Media Press

Published

на

 Велосипедска трка  во планинско возење се оджа на манастирскиот комплекс Свети Ѓеорги во Ораовца во организација на велосипедскиот клуб „Бел Камен Бајкс“ од Радовиш.  На истата учествуваа над 60 велосипедисти од цела Македонија, љубители на екстремниот велосипедизам, бидејќи се возеше по стрмни и нерамни патеки.

Претседателот на клубот „Бел Камен Бајкс“ од Радовиш Ристе Кукутанов вели дека секогаш има интерес за учество на оваа трка од цела Македонија бидејќи им е една од најомилената.

Прочитај повеќе

Радовиш

Пријателски натпревар во фудбал во Спортскиот центар Азури во Радовиш

Media Press

Published

на

Пријателски натпревар во фудбал во Спортскиот центар Азури во Радовиш, со гости од Валандово. Тренерот Добрин Трајанов вели дека во спортскиот центар имаат одлични услови  за тренирање и освен машки има и девојчиња.

Во спортскиот центар Азури тренираат трипати неделно околу 70 деца на возраст од 4 до 15 години, поделени во три групи, . И децата задоволни што имаат каде да тренираат и велат дека доаѓаат редовно на тренинзи бидејќи имат добри услови.

Спственикот на Спортскиот центар Азури Горан Васев, вели дека е задоволен од интерсот на децата да тренираат фудбал, но и дека ќе го развива спортскиот центар со цел да го збогати со други содржини. Единствено се соочува со мали инфраструктурни проблеми како што е пристоен пат до спортскиот центар, но се надева дека и тоа ќе се реши.

Прочитај повеќе

Радовиш

Денеска се празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден

Media Press

Published

на

Денеска се празнува Празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш  во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.

Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на Спасителот на Светот- Исус Христос. По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш беше одржана света божествена литургија.

Во спомен на овој настан Светата христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Вознесение Господово кој уште се вика и Спасовден, зашто се празнува денот на Спасителот на светот – Исус Христос. Иако е востановен уште во апостолски времиња, празникот на вознесението не се празнувал одделно на четириесеттиот ден по Велигден туку во Педесетницата биле слеани повеќе спомени и тука бил стопен и овој спомен. Дури во крајот на 4 век тој спомен е одделен од Педесетницата, кога се празнува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, празник познат и под имињата Духовден (Дуовден) и Света Троица.

Истражувачите на празничните обичаи и верувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанството паганите го празнувале празникот на божеството Спас кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето.

Прочитај повеќе