Connect with us

Радовиш

На 14 ноември се одбележува Меѓународниот ден за борба против дијабетес

Media Press

Published

on

Секоја година на 14 ноември се одбележува Меѓународниот ден за борба против дијабетес, кој  годинава  е посветен на Медицинските сестри.  

Здружението на дијабетичари од Радовиш по тој повод изврши посета на Здравствениот дом и на итната медицинска помош, а  во чест на подигање на свеста еден општински објект,  ќе биде осветлен во сина боја. Во Радовиш, во сино ќе биде осветлен центарот за култура Ацо Караманов.

Светскиот ден за борба против дијабетес  годинава  е посветен на Медицинските сестри.

Во Радовиш има околу 1460 дијабетичари од кои околу 470 се на инсулинска терапија, а останатите на таблетарна терапија. Претседателот на Здружението на дијабетичари од Радовиш и Конче Тони Митев, упати апел до сите дијабетичари одговорно да се однесуваат во време на пандемија и да го чуваат своето здравје.

 Сојузот на зддруженија на дијабетичари ги застапува правата  и обврските на околу 125 000 лица со дијабетес во Македоија од кои околу 44 илјади се инсулински зависни. Бројката на заболени од дијабетес рапидно расте, а се почесто го има и кај децата.

Дијабетесот не е само зголемено количество на шеќер во крвта, тоа е хронична, исцрпувачка и скапа болест која го засега целото семејство. Се јавува како резултат на нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана со конзумирање на брза храна и газирани пијалоци, намалена физичка активност и прекумерен стрес. 

Дијабетесот е хронично системско пореметување на метаболизмот, кое се карактеризира со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори, а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори. Тој недостаток ја попречува размената на јаглени хидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Заврши асфалтирањето на локалниот пат кон месноста Добра на Плачковица

Media Press

Published

on

Заврши асфалтирањето на локалниот пат од хотелот Бел Камен кон месноста Добра, на планината Плачковица. Работнита ективности за асфалтирање на овој пат започнаа во месец септември и за неполни три месеци финишираа со асфалтирање.

Инаку оваа инвестиција, градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов ја најави пред неколку месеци кога се реконстуираше регионалниот пат кон планинита Плачковица, а од септември започна реализацијата на овој проект.

Патот од хотелот Бел Камен до Добра е во должина од 3 километри, а со негово асфалтирање се очекува поголема посетеност на преубавата планина Плачковица и развој на руралниот туризам.

Средствата за оваа инвестиција се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Вистинско изненадување беше асфалтирањето на патот до планинарскиот дом Џумаја за што планинарите изразуваат благодарност до градоначалникот Конзулов.

„Колку убаво изненадување! Градоначалникот на општина Радовиш господинот Герасим Конзулов без никаква најава вчера го асвалтираше пристапниот пат до планинарскиот дом Џумаја!!! Од името на сите планинари и љубители на природата ви благодариме господине Градоначалник“, напиша Ѓорѓи Симеонов еден од редовните посетители на планинарскиот дом, планинар и љубител на природата, во својот ФБ профил .

Continue Reading

Радовиш

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект

Media Press

Published

on

Краткотраен прекин на водоснабдувањето во Ораовица поради дефект на кејската улица од левата страна на реката, најави ЈП Плаваја од Радовиш.

Отаму потврдуваат дека поради големината на дефектот кој бил пријавен вчера, а се санира денеска, сепак ќе мора да има прекин во водоснабдувањето за што бараат разбирање од граѓаните.

“Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот и зголемената потреба од чиста вода за пиење и хигиена и имајќи го во предвид фактот дека ако се запре линијата на која има дефект ќе нема водоснабдување повеќе од 12 часови донесен е заклучок дефектот да се санира утре Петок 27 ноември во утринските часови и тогаш ќе има краткотраен прекин на водоснабдувањето“ велат од ЈП Плаваја.

Инаку како што објаснуваат од Плаваја, дефектот  на кејската улица од левата страна на реката во Ораовица, бил пријавен вчера четврток.

„По излез на лице место приоритет беше даден на други поголеми дефекти кои беа појавени, а овој дефект беше планирано да се санира утре.

Во текот на попладневните часови по завршување на работното време дефектот во Ораовица се зголеми, екипа на ЈП„Плаваја“ излезе на лице место, извршена е инспекција на обемот на дефектот и на состојбата со водоснабдувањето во Ораовица при што е констатирано дека на сите локации има вода“, стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading