Connect with us

Економија

Заев и Бектеши: Финансиска поддршка за 400 компании во износ од 17,2 милиони

Media Press

Published

на

„Севкупно, 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра. Оваа финансиска поддршка е една од мерките во третиот економски сет, поточно Финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста во износ од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за претпријатија кои и во кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција.

Премиерот Заев рече дека конкретната цел на оваа економска мерка од третиот пакет е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, а со тоа и подобрување на конкурентноста, можностите за извоз, што во крајна цел значи отворање на нови работни места и задржување на постојните.

„Денеска заокружуваме една од главните мерки од Третиот сет економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови. Министерството за економија веќе ги подготвува сите поединечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата“, истакна министерот Бектеши.

Економија

За 3,5 денари ќе поскапат горивата со предложените измени за зголемување на еколошката такса

Media Press

Published

на

Владата вчерашната  82 седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина.

Како што информираат од владината прес – служба со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денар за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

„Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина“, појаснуваат од Влада.

Прочитај повеќе

Економија

Денеска се затвара јавниот повик за потврди-ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Media Press

Published

на

Заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, информира Министерството за економија.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија  пристигнале над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во државата кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прочитај повеќе

Економија

Растат трошоците за живот, две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница

Media Press

Published

на

Растат трошоците за живот, за 3 отсто повисоки од лани во истиот период.

Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите.

Синдикална кошница за месец април 2021 година е зголемена за 204,00 денари во однос на претходната за месец март 2021 година поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, Облека и обувки за 1% и Хигиена за 1,1% па поради тоа, вредноста на Синдикалната минимална кошница за април 2021 година изнесува 33.976,00денари.

Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше Минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари.

Прочитај повеќе